Вилијамс Ф1 на Британското ГП ќе прослави значајно достигнување - 600 трки во Формула 1.
Основан во 1977 година од страна на Френк Вилијамс и Патрик Хед, Вилијамс има обезбедено 297 подиуми, 114 победи и 16 Титули во текот на изминатите 36 години. Девет од овие титули се во Шампионатот на Конструктори, а преостанатите седум титули во Шампионатот на возачи, освоени со Алан Џонс, Кеке Розберг, Нелсон Пике, Најџел Менсел, Алан Прост, Дејмон Хил и Жак Вилнев. Вилијамс прерасна во значаен меѓународен бизнис уште од своето основање и нивните достигнувања се по заслуга на основачот и тимски шеф Френк Вилијамс.
Тимот јавно ќе го прослави јубилејот, 600 трки, на своето домашно Гран При на патеката Силверстоун, која беше сведок на првата Победа во 1979 година и нивната 100-та Победа во 1997 година. Но, Вилијамс, официјално ќе го достигне 600-от ГП старт на Германското Гран при. За да се одбележи овој важен настан ќе биде насликан бројот 600 на страничните делови на двата болиди. Тимските униформи, исто така, ќе бидат украсени со имињата на сите 691 вработени во Вилијамс, кои работат во сите сектори на групацијата Вилијамс, како почит кон нивната континуирана напорна работа и посветеност.
Зборувајќи за ова достигнување, Сер Френк Вилијамс изјави: "За независен тим како Вилијамс да достигне 600 трки во врвниот мотоспортот е извонредно достигнување. 78 тимови дојдоа и заминаа или променија сопственост во Формула 1 спортот, од нашето основање, а нашата долговечност е сведоштво за илјадници луѓе кои се жртвуваа толку многу да нè одржат тука. Се чини дека со право го одбравме домот на британскиот мотоспортот, да се одбележи овој важен настан, рамо до рамо со нашите лојални британски фанови."
Клер Вилијамс, заменик тимскиот шеф и комерцијален директор, додаде: "Вилијамс никогаш не била организација која живеела на стара слава, но овој викенд со гордост ќе го славиме нашето наследство и подвлекување на одредени моменти од изминатите 36 години. Ова е исто така можност за нас да преземеме конкретни чекори, кои ќе не носат напред кон иднината, и сигурна сум дека ги имаме потребните делчиња од мозаикот на вистинското место, за да се направи незаборавна нашата 600-та трка."
ВИЛИЈАМС Ф1 ЌЕ ПРОСЛАВИ 600 ТРКИ НА БРИТАНСКОТО ГП
6/25/2013 03:46:00 PM
Share to other apps