Од сите Британци кои ќе настапат на Силвертоун, Марк Вебер ја има најдобрата шанса за Победа на "домашното" Гран При. Малкумина знаеме дека, 36-годишниот Австралијанец, се пресели во Велика Британија во 1995 година и оттогаш тоа е неговиот втор дом.
Марк вели: "Живеењето во Велика Британија е добро за мене. Тука имаме многу пријатели и луѓе со кои ние сакаме да се дружиме. Бев блиску да се преселам во Европа во една фаза од мојата кариера, но одлучив да останам таму каде што сме. Можеби тоа беше и затоа што бевме малку мрзливи. Можеби тоа беше јазичната бариера. Сакам да живеам во Франција? Не. Дали ми се допаѓа да ја посетам Франција? Да."
"Сметам дека на Британската култура е една од најдобрите во светот. Јас многу го сакам британскиот хумор."
Договор на Вебер со Ред Бул истекува на крајот на оваа година и тој вели дека разговарал со сопственикот на Ред Бул, Дитрих Матешиц, за неговата иднина. Сепак, тој одбива да каже дали ќе биде со овој тим и следната сезона.
"Топката е прилично цврсто во мои нозе, што е убаво. Мора да продолжам да возам добро. Односот со Дитрих е многу добар и јас сум во контакт со него во текот на последните шест до осум месеци и ќе продолжам да го известувам за тоа како се движи моето размислување околу тимот. Треба да се донесат некои одлуки, но не наскоро. Јас се уште имам потреба од повеќе време, а ние можеме да ги оставиме одлуките за разумно подоцнежно време. Не постојат гаранции во спортот, па ќе видиме што ќе донесе иднината."
МАРК ВЕБЕР НАЈБЛИСКУ ДО ПОБЕДАТА ОД СИТЕ БРИТАНСКИ ВОЗАЧИ
6/25/2013 05:23:00 PM
0
Tags
Share to other apps