Марк Вебер објави дека ја напуштa Формула 1 на крајот од оваа сезона за да се приклучи на тимот на Порше LMP1. Оваа одлука ослободува место во Ред Бул, а шпекулациите одат во насока дека Кими Раиконен ќе се пресели во Ред Бул. За време на својот претстој во овој тим, Австралијанецот, има постигнато 9 Победи(Германија 2009, Бразил 2009, Шпанија 2009, Монако 2010, Велика Британија 2010, Унгарија 2010, Бразил 2011, Монако 2012, Велика Британија 2012), 35 Пласмани на Подиумот(36 вкупно за време на неговата Ф1 кариера) и 11 Пол позиции. Неговата посветеност и успех, исто така, беа главен фактор во тимот за освојување на три Титули во Шампионатот на Конструктори во 2010, 2011 и 2012 година.
Кристијан Хорнер: "Сигурен сум дека Марк долгo и напорно размислуваше пред да ја донесе оваа несомнено многу тешка одлука. Неговите достигнувања во Формула 1 се обемни и јас сум сигурен дека ќе продолжи да работи напорно и да ги надгради до крајот на сезоната. Ние ја поддржуваме одлуката на Марк, тој беше одличен член на тимот откако се приклучи во 2007 година, и ние му посакуваме се најдобро во наредните фази на неговата кариера."
Одлуката за тоа кој ќе го замени Вебер нема да биде објавена до крајот на сезоната.
ВЕСТ НА ДЕНОТ: МАРК ВЕБЕР JA НАПУШТА ФОРМУЛА 1
6/27/2013 12:54:00 PM
0
Share to other apps