Лотус Ф1 го најави Алтран како нивни технички партнер.
Лотус Ф1 тимот со нов технички партнер, компанијата Алтран од Велика Британија, која ќе го обезбеди овој тим со инженерски услуги за остатокот од 2013 сезоната. Тим од инженери на Алтран ќе бидат присутни во "Whiteways" Техничкиот центар на Лотус во Енстоун, Оксфордшир. Алтран не е "дебитант" во Формула 1, откако претходно беше технолошки партнер на Рено Ф1, претходната инкарнација на Лотус Ф1, за време од една декада.
Сахара Форс Индија ќе се облекува во VARLION стил.
Сахара Форс Индија објави дека Varlion, мадридски моден бренд, се приклучува на тимот како официјален партнер. Потпишан е мулти-годишен договор со кој Varlion се обврзува да произведе лиценциран спектар на рекреативни производи, кои ќе бидат достапни преку Е-продавницата на тимот, која неодамна почна со работа. Varlion, исто така, ќе се фокусира на развој на нов концепт на облека за тимот, која ќе се воведе од 2014 сезоната. Varlion логото ќе биде видливо од Британскот ГП со брендирање на гаражните панели, транспортерите и тимскиот маркетинг материјал. Од 2014 година нивното лого ќе биде на болидите, како и на униформите на тимскиот персонал.
Вилијамс Ф1 и Дом Перињон партнери на Британското Гран При.
Вилијамс Ф1 објави дека на претстојното Британското ГП ќе биде партнер со Dom Perignon, позната винарија по своите шампањ брендови. Партнерството ќе започне со организација на ексклузивна дегустација на патеката Силверстоун во саботата за време на Британското ГП. Се ова поради посебниот викенд за овој тим, кога ќе прослават јубилеј од 600 Формула 1 трки. Дегустацијата ќе биде за ВИП гостите на овој тим, а секое вкусено вино од одедена берба ќе биде објаснето од страна на Ричард Џефри, креаторот на вината на Dom Perignon. Секоја берба, исто така, ќе кореспондира со клучен момент во историјата на Вилијамс. Заедно со домаќинот, ќе бидат присутни и поранешните светски шампиони на Вилијамс тимот.
2013 БРИТАНИЈА ГП: КРАТКИ ВЕСТИ
6/26/2013 03:07:00 PM
0
Share to other apps