Конечно и Ред Булот на Себастијан Ветел, со технички проблеми, откажа неговиот менувач во моментите кога беше сигурен на водечката позиција, но со тоа се спаси неизвесноста на Шампионатот, а Фернандо Алонсо и Кими Раиконен успеаа да намалат од неговата предност во генералниот пласман на возачи. Марк Вебер успеа да ја спаси честа на Ред Бул со второто место во возбудливиот финиш на трката.
По Луис, следуваше навидум идентично пукање и на левата задна гума на болидот на Фелипе Маса. Со тоа супер добриот старт на Бразилецот, кога од 11-тата стартна позиција дојде до 5-тото место, а гумата откажа кога водеше борба со Адријан Сутил за трето место. Кога левата задна гума и на Жан-Ерик Верн се распадна, на патеката излезе безбедносното возило, а инженери бараа од нивните возачи да ги избегнуваат рабниците.
Себастијан Ветел успешно ја контролираше предноста пред Нико Розберг по рестатот на трката, и кога се чинеше дека ќе стигне до нова победа, неговиот болид ја изгуби силата на стартно/целниот правец, што предизвика ново безбедносно возило. Нико Розберг веднаш замина по нови гуми и се врати на патеката пред Раиконен, кој не влезе во бокс за промена на гумите. Вебер и Алонсо исто така отидоа по нови гуми и паднаа на петтото и осмото место, со Сутил и Даниел Рикардо на трето и четврто.
Марк Вебер со новите гуми беше екстра брз, лесно ги реши Рикардо и Сутил, а малку повеќе отпор даде Кими Раиконен, но со стари гуми не можеш да се одбраниш. Ако имаше уште неколку круга повеќе и победата на Розберг ќе беше загрозена. Алонсо исто така, направи брз напредок со новите гуми, стигнувајќи до третото место, а Хамилтон при крајот го помина Раиконен за четвртата позиција. Маса се искачи до шестото место по дупнатата гума. На крај Адријан Сутил и Даниел Рикардо паднаа на седмо т.е. осмо место, пред Пол ди Реста кој стартуваше од последната стартна позиција. Нико Хулкенберг ги заокружи освојувачите на бодови.
БРИТАНСКО ГРАН ПРИ, СИЛВЕРСТОУН
52 круга, 306.198км., Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1ч32:59.456
2. Марк Вебер Ред Бул + 0.765
3. Фернандо Алонсо Ферари + 7.124
4. Луис Хамилтон Мерцедес + 7.756
5. Кими Раиконен Лотус-Рено + 11.257
6. Фелипе Маса Ферари + 14.573
7. Адријан Сутил Форс Индија + 16.335
8. Даниел Рикардо Торо Росо + 16.500
9. Пол ди Реста Форс Индија + 17.993
10. Нико Хулкенберг Заубер + 19.700
11. Пастор Малдонадо Вилијамс + 21.135
12. Валтери Ботас Вилијамс + 25.094
13. Џенсон Батон Мекларен + 25.968
14. Естебан Гутиерез Заубер + 26.285
15. Чарлс Пик Катерам + 31.613
16. Жил Бјанки Марусија + 36.097
17. Макс Чилтон Марусија + 1:07.660
18. Гидо ван дер Гард Катерам + 1:07.759
19. Роман Грожан Лотус + 1 круг
Најбрз Круг: Марк Вебер - 1:33.401
БЕЗ ПЛАСМАН:
ВОЗАЧ ТИМ При круг
Серџо Перез Мекларен 47
Себастијан Ветел Ред Бул 42
Жан-Ерик Верн Торо Росо 36
Генерален пласман по 8 поминати трки:
Возачи: Конструктори:
1. С.Ветел 132 1. Ред Бул 219
2. Ф.Алонсо 111 2. Мерцедес АМГ 171
3. К.Раиконен 98 3. Ферари 168
4. Л.Хамилтон 89 4. Лотус 124
5. М.Вебер 87 5. Форс Индија 59
6. Н.Розберг 82 6. Мекларен 37
7. Ф.Маса 57 7. Торо Росо 24
8. П.ди Реста 36 8. Заубер 6
9. Р.Грожан 26
10. Џ.Батон 25
11. А.Сутил 23
12. Ж.Верн 13
13. С.Перез 12
14. Д.Рикардо 11
15. Н.Хулкенберг 6