Локален херој Луис Хамилтон забележа време од 1:29.607, што е најбрзо Формула 1 време, поставено на новиот Силверстоун, кој беше реновиран во 2010 година, а тоа беше неговата 28 Пол позиција, што го доведе до само минус една прва стартна позиција од вкупно 29 на Фанџо на топ 10 листата на сите времиња.
По дождливиот петок, денешната акција се одвиваше на сув асфалт од почеток до крај, со 20 степени амбиетална температура и 32 степени на патеката, а слични услови се очекуваат и за утрешната трка.
Мнозинството од најдобрите возачи во првата Q1 сесија ги користеа тврдите гуми, со исклучок на возачите на Мерцедес АМГ, кои се одлучија за медиум гумите, па нормално што го забележаа и најбрзото време со Хамилтон пред својот тимски колега Нико Розберг.
Во Q2 сесијата сите возачи ги користеа медиум гумите, а најбрзи беа возачите на Ред Бул. Од фаворитите оваа сесија не ја помина Фелипе Маса, кој имаше проблематичен ден со болидот на Ферари. Истото важи и за Мекларен, кој иако со нови надградби на болидите не успеа помине во најбрзите 10.
На почетокот од Q3 сесијата, Фернандо Алонсо и Роман Грожан беа единствените возачи кои започнаа на тврдите гуми, но на крај сепак се решија за медиум гумите. Сите возачи извозеа по два брзи круга, со многу акција од почеток до крај, но Мерцедес АМГ беше класа за себе.
Трката која се очекува да биде понеизвесна околу прашањето на Победникот стартува во 14:00 часот.
Update: Пол ди Реста е исклучен од квалификациите за Британското ГП, откако неговиот болид бил за 2 кг полесен од минимум определената тежина. Шкотланѓанецот кој ја имаше обезбедено петтата стартна позиција за утрешната трка во Силверстоун, сега ќе стартува од последната позиција.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:29.607
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:30.059 + 0.452
3. Себастијан Ветел Ред Бул 1:30.211 + 0.604
4. Марк Вебер Ред Бул 1:30.220 + 0.613
5. Пол ди Реста Форс Индија 1:30.736 + 1.129
6. Даниел Рикардо Торо Росо 1:30.757 + 1.150
7. Адријан Сутил Форс Индија 1:30.908 + 1.301
8. Роман Грожан Лотус 1:30.955 + 1.348
9. Кими Раиконен Лотус 1:30.962 + 1.372
10. Фернандо Алонсо Ферари 1:30.979 + 1.129
Q2 Најбрзо време: Себастијан Ветел 1:30.990 Разлика
11. Џенсон Батон Мекларен 1:31.649 + 0.659
12. Фелипе Маса Ферари 1:31.779 + 0.789
13. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:31.785 + 0.795
14. Серџо Перез Мекларен 1:32.082 + 1.092
15. Нико Хулкенберг Заубер 1:32.211 + 1.221
16. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:32.359 + 1.369
Q1 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:30.995 Разлика
17. Валтери Ботас Вилијамс 1:32.664 + 1.669
18. Естебан Гутиерес Заубер 1:32.666 + 1.671
19. Чарлс Пик Катерам 1:33.866 + 2.871
20. Жил Бјанки Марусија 1:34.108 + 3.113
21. Гидо ван дер Гард Катерам 1:35.481 + 4.486
22. Макс Чилтон Марусија 1:35.858 + 4.863
107% Време: 1:37.364