Патеката Жил Вилнев во Монтреал е интересена мешавина на долги и брзи правци и бавни кривини. Пирели ги носи медиум и супер-меките гуми, т.е. соединенијата со низок работен опсег, што ги прави совршени за најавените временски услови на оваа полу-постојана патека. Температури обично се доста ниски и имало голем број на влажни трки во минатото. Покрај тоа, Пирели исто така, на оваа трка ќе донесе два комплети на прототип на медиум гумите, на кои новина е ревидираната конструкција на задните гуми, за употреба само на петочните тренинзи. Тие ако се помине во ред најверојатно ќе се користат за остатокот од сезоната.
Заедно со Сингапур, Кореја и Монако, Канада има многу висока веројатност за безбедносниот автомобил. Ова е една од причините зошто флексибилна стратегија често дава добри резултати. Безбедносниот автомобил може да го промени текот на трката во целост, и додека тоа не беше случај во Монако пред две недели, во Канада има многу повеќе можности за престигнување. Луис Хамилтон, победникот на минатогодишната трка го посетуваше боксот двапати, а вториот и третиот само еднаш. Но, минатата година Пирели дојде со друга номинација, меки и супер-меки гуми. Со полу-постојана патека која не се користи интензивно во текот на годината, постои ризик од graining. Повеќе за овој феномен имате во видеото на Пирели за Канада ГП-то, преведено и синхронизирано на македонски јазик(погледни видео).
Една од причините зошто оваа патека е толку тешка за гумите е што болидите се подесуваат така да имаат низок downforce, за да се зголеми нивната брзина на правците. Ова значи дека на гумите паѓа целата работа при поминувањето на болидите низ кривините, ставајќи акцент на механичкиот наместо аеродинамичен грип. Задните гуми се особено оптоварени во Монтреал, што се должи на големата влеча што се бара за излез од бавните кривини. Многу е лесно возачите да предизвикаат пролизгување на тркалата, ако премногу пртиснат на педалата за гас, со што се нагласува абењето на задните гумите. Истиот ефект го имаат и нерамнинита на патеката. Друга тешкотија за гумите во Канада, како и на секоја друга патека, се рабниците. Тие во Монтреал се високи и агресивни, а болидите удираат во нив со 130 км/ч при последната кривина, во близина на познатиот "ѕид на шампионите".
ВО ПРЕСРЕТ НА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА КАНАДА
6/05/2013 01:27:00 PM
0
Tags
Share to other apps