Марија де Вилота ја покажа во јавност нејзината карбонска кацига, која го спаси нејзиниот живот за време на нејзината хорор несреќа со болидот на Марусија. Степенот на оштетување на кацигата е загрижувачки.
33-годишната Шпанка претрпе сериозни повреди на черепот, мозокот и на лицето, кога таа необјасниво ја загуби контролата врз болидот на праволиниски аеродинамички тест на аеродромот Даксфорс, во Велика Британија.
"До сега, само моето семејство и пријателите ја имаа видено кацигата, но мислам дека е важно и целокупната јавност да ја види. Ако е толку голема штетата на првокласни кациги, какви што ги имаме во Ф1, замислете што би се случило ако јас не носев ништо."- изјави де Вилота.
МАРИЈА ДЕ ВИЛОТА ЈА ПОКАЖА КАЦИГАТА ОД СВОЈАТА НЕСРЕЌА
6/04/2013 07:31:00 PM
0
Tags
Share to other apps