Само една недела по Британското ГП во Силверстоун, Формула 1 карванот се сели на уште една легендарно место во мотоспортот, на Нирбургринг во Германија. Изградена веднаш до легендарниот Nordschleife, модерниот Нирбургринг е брза и флуентна патека, која е претежно составена од средно-брзи кривини, како и со технички комплицирана секција. Патеката е инаугурирана на 12 мај 1984 година, а на 7 Октомври, Алан Прост беше Победник на првата Формула 1 трка.
Во ноември 2007 година, Нирбургринг почна да се обновува во туристички и деловен центар. Ако се решите да ја посетите оваа патека, нема да зажалите, а бројните атракции обезбедуваат широк спектар на забава за сите фанови и нивните семејства. Располагаат со тематски парк, планинарски патеки, затворена карт патека, кино и ексклузивни backstage турнеи. Заинтересираните фанови, исто така, можат да ги испробаат, легендарниот Nordschleife и новата патека со своите автомобили или мотори.
Една од големите променливи уште еднаш ќе биде времето, бидејќи се наоѓа во област каде често врне, иако прогнозата во моментов предвидува сува трка. Пирели ги носи своите модифицирани медиум и меки гуми, комбинација која за последен пат ја имавме на Кинеското Гран При во април. Задните гуми се појачани со кевлар, наместо досегашниот челичен појас. Овој потег доаѓа по серијата на дупнати гуми на Британското ГП од минатата недела.
Еден друг фактор што особено треба да се разгледа е големата надморска височина на патеката. Патеката се наоѓа на Ајфеловите планини, и има просек од околу 700 метри надморска височина, само маргинално помалку од Интерлагос. Количеството на кислород во воздухот затоа е помало и атмосферскиот притисок е исто така помал па моторите ќе бидат помалку моќни. Но, сепак Нирбургринг не е толку опасен по нив, па не се очекуваат проблеми со моторите.
Вистинска форма пред трката е тешко да се предвиди со оглед дека Германското гран при доаѓа по серијата на атипични патеки, и во случај на Силверстоун, атипична трка. Нирбургринг од болидите бара од се по малку, и често знае да ја потенцира било која слабост во техничкиот пакет.
По 14 последователно завршени трки, Себастијан Ветел не заврши трка поради дефект на менувачот, кој му одзеде најверојатно нови 25 поени во Силверстоун. Неговиот неуспех, во комбинација со третото место на Фернандо Алонсо, ја направи поинтересна битката во генералниот пласман на возачите, а предноста на Ветел во однос на Алонсо се намали на само 21 поени. Во меѓувреме, во генералниот пласман на конструкторите, Мерцедес АМГ го претекна Ферари на второто место зад лидерите во шампионатот, тимот на Ред Бул.
СЛЕДУВА ИНТЕРЕСЕН ФОРМУЛА 1 ВИКЕНД НА НИРБУРГРИНГ
7/04/2013 04:01:00 PM
0
Share to other apps