Формула 1 возачите и официјално излегоа со предупредување дека ќе го бојкотираат Германското Гран При, ако се повторат проблемите со Пирели гумите. По состанокот на Асоцијацијата на ГП возачи(GPDA), одржан вечерва во Нирбургринг, тие јавно го изразија своето незадоволство од моменталната ситуација во Ф1. Иако од Пирели се убедени дека гумите со кевларен појас, кои ги донесоа во Германија, нема да ги имаат истите проблеми од Силверстоун, GPDA не е целосно задоволна.
Во соопштението се вели: "Возачите, членови на GPDA, сакаат да ја изразат својата најдлабока загриженост во врска со настаните што се случија во Силверстоун. Ние веруваме дека промените направени на гумите ќе ги дадат посакуваните резултати и дека слични проблеми нема да се случат за време на Германскиот ГП викенд. Ние сме подготвени да ги возиме нашите болиди на нивниот лимит, како што и секогаш правиме, и како што се очекува од страна на нашите тимови, спонзори и фанови. Сепак, возачите одлучија дека, ако се манифестираат слични проблеми за време на овој тркачки викенд, ние веднаш ќе се повлечеме од настанот, бидејќи тоа може ги загрози животите на возачите, но и на маршалите и фановите."
Значи денешниве возачи немаат ни В од возач, повеќето од нив се невидени плачковци. По се изгледа се поминати славните денови на Формула 1 спортот, кога се знаеше дека тоа преставува Опасност, Адреналин, Брзина...
ДЕНЕШНИТЕ Ф1 ВОЗАЧИ БИЛЕ ГОЛЕМИ ПЛАЧКОВЦИ
7/04/2013 11:44:00 PM
0
Tags
Share to other apps