Фернандо Алонсо е под истрага на стјуардите за наводно нелегална употреба на ДРС-от во три одделни прилики во трката, кога тој бил повеќе од една секунда зад болидот пред него(помина само со парична казна).
На стартот од трката, Хамилтон успеа да ја задржи водечката позиција, додека Ветел по не баш сјајното тргнување со огромен напор успеа да одолее на нападите од Грожан, а со тој дуел беа блокирани надежите на Алонсо, кој имаше добар старт, но никаква корист од тоа на оваа трка. Исто така, и Нико Розберг добро ја започна тркатано имаше контакт со Фелипе Маса и излета надвор од патеката со трката за возачот на Мерцедес АМГ беше завршена, т.е. борбата за висок пласман. На крај не издржа и неговиот мотор, на пет круга до крајот.
Од фаворитите за висок пласман прв по нови гуми замина Хамилтон во 9 круг, промени од меки на медиум, со што за кратко Ветел беше водство. Тој по два круга подоцна исто така влезе во бокс и повторно се приклучи зад Хамилтон. Од 14-23 круг во водство беше Марк Вебер, кој започна на медиум гуми, кога влезе по нови гуми, но немаше голема предност да го задржи водството.
Хамилтон од првото место, во бокс влезе уште еднаш во 31 и 50 круг, одржувајќи ја разликата пред возачите на Ред Бул и Лотус, и безбедно ја диктираше стратегијата и текот на оваа трка. Негов најблизок ривал на крајот на трката беше Раиконен, кој заврши 10 секунди зад него и покрај што имаше еден пит-стоп помалку. Финецот и двата болиди на Мекларен беа единствените топ 10 возачи со стратегија од две застанувања во боксовите.
Следува летниот распуст, а освен Ред Бул, и донекаде Мерцедес може да уживаат во него, а сите останати да смислуваат начини за подобрување на своите перформанси.
УНГАРИЈА ГРАН ПРИ, ХУНГАРОРИНГ
70 круга, 301.458км., Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1ч42:29.445
2. Кими Раиконен Лотус + 10.938
3. Себастијан Ветел Ред Бул + 12.459
4. Марк Вебер Ред Бул + 18.044
5. Фернандо Алонсо Ферари + 31.411
6. Роман Грожан Лотус + 32.295
7. Џенсон Батон Мекларен + 53.819
8. Фелипе Маса Ферари + 56.447
9. Серхио Перез Мекларен + 1 круг
10. Пастор Малдонадо Вилијамс + 1 круг
11. Нико Хулкенберг Заубер + 1 круг
12. Жан-Ерик Верн Торо Росо + 1 круг
13. Даниел Рикардо Торо Росо + 1 круг
14. Гидо ван дер Гард Катерам + 2 круга
15. Чарлс Пик Катерам + 2 круга
16. Жил Бјанки Марусија + 3 круга
17. Макс Чилтон Марусија + 3 круга
18. Пол ди Реста Форс Индија + 4 круга
19. Нико Розберг Мерцедес + 6 круга
Најбрз Круг: Марк Вебер - 1:24.069
БЕЗ ПЛАСМАН:
ВОЗАЧ ТИМ При круг
Валтери Ботас Вилијамс 42
Естебан Гутиерез Заубер 28
Адриан Сутил Форс Индија 19
Генерален пласман по 10 поминати трки:
Возачи: Конструктори:
1. С.Ветел 172 1. Ред Бул 277
2. К.Раиконен 134 2. Мерцедес АМГ 208
3. Ф.Алонсо 133 3. Ферари 194
4. Л.Хамилтон 124 4. Лотус 183
5. М.Вебер 105 5. Форс Индија 59
6. Н.Розберг 84 6. Мекларен 57
7. Ф.Маса 61 7. Торо Росо 24
8. Р.Грожан 49 8. Заубер 7
9. Џ.Батон 39 9. Вилијамс 1
10. П.Ди Реста 36
11. А.Сутил 23
12. С.Перез 18
13. Ж.Верн 13
14. Д.Рикардо 11
15. Н.Хулкенберг 7
16. П.Малдонадо 1