Денешните квалификации започнаа со температура од 50 степени на патеката, а возачите не ги штедеа меките гуми, уште од Q1 сесијата, зачувувајќи што може повеќе медиум гуми кои се преферираат за утрешната трка. Како што се очекуваше први отпаднаа болидите на Марусија и Катерам, а тимот на Вилијамс ги искористи проблемите на Гутиерез и ди Реста да помине со двата болиди во наредната сесија. Марк Вебер повторно со проблеми на својот болид, кои се константни од кога откажа послушност на Ред Бул, и никако не смее да има побрз болид од Себ. Прво проблеми со менувачот, на крај со КЕРС-от, стандардно.
Интересна и блиска борба имавме и во Q2, а надвор од најбрзите десет останаа двата болиди на Вилијамс, Верн со Торо Росо, што и беше очекувано, но не и изненадувачкиот пад на конкурентноста на Форс Индија, и по подолго време не успеаа да имаат барем еден болид во Топ 10. Во тимот не може да разберат што недостасува во Унгарија на досега ефективниот ВЈМ06. Во прашање е или топлината, или новите гуми, можеби дури и комбинација од двата фактори.
По три тренинг сесии во Унгарија се чинеше дека Мекларен направија чекор напред, но квалификациите не го потврдија тоа, па Џенсон Батон не успеа да помине во Q3 и ќе започне 13-ти. Серџо Перез, пак и покрај излетувањето на третиот тренинг, некако успеа да се протне во Најбрзиоте 10, а ќе стартува од 9-тата позиција поради проблемите на Вебер, а тој е единствениот возач на патеката кој сигурно ќе стартува со белите медиум гуми.
Во првите кругови од Q3, Себастијан Ветел имаше 0.8 секунди предност пред сите останати, и кога сите очекувавме уште една лесна Пол позиција, при вторите брзи кругови, Хамилтон успеа да му ја "грабне" првата позицијата, нешто со кое и Британецот беше изненаден, јасно искажувајќи го тоа на тимското радио, откако Ветел не успеа да го подобри своето време доволно во неговиот последен круг.
Роман Грожан беше трет најбрз, со што тој го продолжи својот импресивна викенд, а до него на вториот ред ќе биде Нико Розберг, кој беше 0.332 секунди побавен од својот тимски колега. Фернандо Алонсо и Кими Раиконен го сочинуваат третиот ред, и ќе имаат тешка задача да ја исполнат својата мисија на оваа трка, да му земат што повеќе поени на Ветел, на патека на која е тешко да се претекнува.
Големата Награда на Унгарија стартува утре, Недела, во 14:00 CET/MK.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:19.388
2. Себастијан Ветел Ред Бул 1:19.426 + 0.038
3. Роман Грожан Лотус 1:19.595 + 0.207
4. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:19.720 + 0.332
5. Фернандо Алонсо Ферари 1:19.791 + 0.403
6. Кими Раиконен Лотус 1:19.851 + 0.463
7. Фелипе Маса Ферари 1:19.929 + 0.541
8. Даниел Рикардо Торо Росо 1:20.641 + 1.253
9. Серџо Перез Мекларен 1:22.398 + 3.010
10. Марк Вебер Ред Бул без поставено време
Q2 Најбрзо време: Нико Розберг 1:19.778 Разлика
11. Адријан Сутил Форс Индија 1:20.569 + 0.791
12. Нико Хулкенберг Заубер 1:20.580 + 0.802
13. Џенсон Батон Мекларен 1:20.777 + 0.999
14. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:21.029 + 1.251
15. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:21.133 + 1.355
16. Валтери Ботас Вилијамс 1:21.219 + 1.441
Q1 Најбрзо време: Нико Розберг 1:20.350 Разлика
17. Естебан Гутиерес Заубер 1:21.724 + 1.374
18. Пол ди Реста Форс Индија 1:22.043 + 1.693
19. Чарлс Пик Катерам 1:23.007 + 2.657
20. Гидо ван дер Гард Катерам 1:23.333 + 2.983
21. Жил Бјанки Марусија 1:23.787 + 3.437
22. Макс Чилтон Марусија 1:23.997 + 3.647
107% Време: 1:25.974