Себастијан Ветел со најбрзото време на денот!!!
Себастијан Ветел го постави најбрзото време на многу поизедначениот по времиња втор слободен тренинг за Германското Гран При. Најбрзото време беше поставено на меките гуми. Мерцедес АМГ повторно силен, со Нико Розберг како втор најбрз, со заостанување од 0.235 секунди. Марк Вебер, ги заокружи тројцата најбрзи возачи на оваа попладневна тренинг сесија.Себастијан Ветел задоволен од брзината на Ред Бул на овој тренинг, и чуствуваше потреба дека треба да го дообјасни синоќешното соопштение на Асоцијацијата на Гран При возачи:
"Јас не бев задоволен како се однесуваше болидот ова утро, со Мерцедес АМГ толку пред нас, но во попладневните часови бевме во подобра форма. Ќе видиме, но досега јас сум задоволен. Да појаснам за вчерашната средбата на GPDA, општиот договор беше дека ние сме среќни што Пирели донесе нова спецификација на гуми за овој настан и сакам да им се заблагодарам за нивната флексибилност и реакција, тие беа во можност да пронајдат решение во само неколку дена. Суштината беше дека ако се повторат случувањата од Силверстоун, тоа ние како возачи не можеме да го прифатиме, но јас мислам дека ние повеќе нема да дискутираме повторно по ова прашање."
Охрабрувачка сесија за болидите на Лотус, со двата нивни болиди во најбрзите 5 возачи денес, но со 0.450 секунди заостанување зад Ветел. Овој тренинг го одбележаа малите разлики меѓу тимските колеги. Роман Грожан беше за 0.005 побрз од Кими Раиконен, Фернандо Алонсо за 0.003 побрз од Фелипе Маса, а најмалата разлика од само 0.001 секунди беше меѓу Валтери Ботас и Пастор Малдонадо.
Фернандо Алонсо многу поактивен на вториот тренинг, откако го замени контролниот компјутер на неговиот болид, комплетираше 39 круга, но го постави само шестото најбрзо време, што секако не е она каде што би сакал да биде. Луис Хамилтон, најбрзиот на предпладневниот тренинг беше 0.888 секунди побавен од најбрзото време, но се доби впечаток како да ги штеди своите гуми, и дека не е во потера на брзо време, туку работи на поставките за трката.
Постигнатите најбрзи времиња може да ни дадат индикација за квалификационото темпо на секој тим, но за да видиме кој ќе биде силен во неделната трка, треба да ги погледнеме просечните времиња поставени на подолгите стинтови со повеќе гориво, кои повторно го фаворизираат тимот на Ред Бул, со Лотус и Ферари прилично конкуретни(но штом им вреди кога немаат добри квалификации, додека Мерцедес АМГ изгледаше малку побавен од темпото на овие тимови, но секако дека се движат во вистинската насока. Ако успеат да ги задржат зад себе посилните во трка болиди, имаат право да се надеваат на пласман на Подиумот.
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Себастијан Ветел Ред Бул 1:30.416 39
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:30.651 + 0.235 38
3. Марк Вебер Ред Бул 1:30.683 + 0.267 41
4. Роман Грожан Лотус 1:30.843 + 0.427 32
5. Кими Раиконен Лотус 1:30.848 + 0.432 27
6. Фернандо Алонсо Ферари 1:31.056 + 0.640 39
7. Фелипе Маса Ферари 1:31.059 + 0.643 41
8. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:31.304 + 0.888 35
9. Џенсон Батон Мекларен 1:31.568 + 1.152 37
10. Пол ди Реста Форс Индија 1:31.797 + 1.381 40
11. Адријан Сутил Форс Индија 1:31.824 + 1.408 34
12. Даниел Рикардо Торо Росо 1:31.855 + 1.439 42
13. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:32.055 + 1.639 39
14. Серџо Перез Мекларен 1:32.086 + 1.670 36
15. Нико Хулкенберг Заубер 1:32.495 + 2.079 39
16. Естебан Гутиерес Заубер 1:32.762 + 2.346 44
17. Валтери Ботас Вилијамс 1:32.879 + 2.463 35
18. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:32.880 + 2.464 36
19. Чарлс Пик Катерам 1:33.695 + 3.279 38
20. Гидо ван дер Гард Катерам 1:33.804 + 3.388 40
21. Жил Бјанки Марусија 1:34.017 + 3.601 10
22. Макс Чилтон Марусија 1:34.667 + 4.251 39