ВОЗАЧИ:
• Себастијан Ветел никогаш не победил на неговото домашно Гран при, и има забележано само еден подиум во Нирбургринг, второ место во 2009 година, зад неговиот Ред Бул тимскиот колега Марк Вебер. Сепак, тој секогаш освојувал поени и се квалификувал во Најбрзите 10.
• Марк Вебер ги забележа Првите Пол позиција и Победа во 2009 година. Тој беше на Пол позицијата повторно за следната Нирбургринг Ф1 трка во 2011 година, но заврши на терто место, надмудрен во пит-стопот од Луис Хамилтон и Фернандо Алонсо. Тој го победува својот тимски колега Ветел во квалификациите и на двете трки одржани тука.
• Фернандо Алонсо е победникот на последното Германско Гран При од минатата година, возено на Хокенхајм, кога ја освои и Пол позицијата. Тоа е последната забележана Пол позиција на Ферари. Тој има забележано најмногу победи на ова ГП од активните возачи и тоа пет, во Хокенхајм 2005, 2010, 2012 и во Нирбургринг 2005, 2007. Пред него е само Михаел Шумахер со вкупно 9 побди, од кои 5 на Нирбургринг и 4 во Хокенхајм. Откако се приклучи на Ферари, Алонсо отсекогаш имал импресивни резултати на Германското Гран при, т.е. тој секогаш завршува прв или втор и секогаш се квалификува во Топ 4.
• Фелипе Маса завршува во Топ пет пласман на неговите последни четири трки, качувајќи се на подиумот во 2006,2007 и 2009 и има едно 5 место пред две години. Неговиот најдобар квалификациски резултат е третата стартна позиција во 2006 и 2007 година. Двете Ферари возачите имаат разлика на тоа што заврши сите свои трки во Германија: Алонсо 16 пати и Маса 14.
• Џенсон Батон има само еден пласман на подиумот во Нирбургринг со третото место во 2004 година. Во последните четири стартувани трки, тој три пати не стигнува до финишот. Неговите последно освоени поени на Нирбургринг се од 2009 година со Браун, кога тој беше 5-ти. Неговиот квалификациски резултат, исто така, не е многу импресивен, бидејќи има скор од 2-8 со своите тимски колеги.
• Серџо Перез со тимот на Заубер има два настапи на Германското Гран При, со најдобар пласман 6-то место освоено на минатогодишната трка, до кое дојде со одлична стратегија по стартот од 17-тата позиција. Како што е годинешната форма на Мекларен, тешко да го подобри овој свој најдобар пласман.
• Кими Раиконен има забележано само еден подиум од осум стартувани трки на Нирбургринг и тоа 3-то место во 2002 година. Тој тука има пет незавршени трки, 2003-05, 2007 и 2009 година. Тој беше водечки болид до последниот круг во 2005 година, но проблемите со амортизацијата му ја подарија победата на Алонсо.
• Роман Грожан минатата година на своето деби во Германија, имаше катастрофален викенд, во Квалификациите ја освои 19-тата стартна позиција, а трката ја заврши на 18-тото место.
• Нико Розберг својот најдобар пласман во Германија, го има со тимот на Вилијамс, и тоа четвртото место во 2009 година, кога стартуваше од 15-тата позиција. Тој, исто така, имаше импресивна трка и во 2006 година, беше седми, стартувајќи од 22-та позиција.
• Луис Хамилтон е Победик на последната трка што се одржа на оваа патека пред две години, со одлучното престигнување на Алонсо. Но, тоа е и неговиот единствен пласман на подиумот на оваа патека. Тој има Победа и на Хокенхајм, во 2008 година.
• Нико Хулкенберг има два настапи на Германското Гран при, во 2010 за Вилијамс, и минатата година со Форс Индија, со чиј болид настапи и на слободните тренинзи во 2011 година. На квалификациите во 2010г. со болидот на Вилијамс беше 10-ти, а трката ја заврши на 13-тото место, а во 2012, со Форс Индија ја освои 4-тата стартна позиција, еден од своите најдобри пласмани, но трката ја заврши на 9-тото место.
• Пол ди Реста во своите два настапи на ова ГП, никогаш не освоил поени, а најблиску до тоа беше минатата година, кога стартуваше од 9-тата позиција, но трката ја заврши на 11-то место.
• Адријан Сутил својот најдобар резултат го има со 6-тото место на трката во 2011 година, а најдобар настап на квалификациите го има со 7-мата стартна позиција во 2009 година.
• Пастор Малдонадо минатата година се квалификуваше на 5-тата стартна позиција, но се успеа да упропасти во трката кога финишираше на 15-то место. Пред две години тој заврши на 14-тото место.
• Валтери Ботас ќе го има својот деби старт на Германското Гран при, а минатата година ја почуствува атмосферата на слободните тренинзи со болидот на Вилијамс.
• Жан-Ерик Верн минатата година беше дебитант на ова Гран при, на квалификациите беше 15-ти најбрз возач, а трката ја заврши на 14-тото место.
• Даниел Рикардо има две трки зад себ, и тоа во 2011 го возеше болидот на ХРТ, кога се квалификуваше на 22-тата стартна позиција, и трката ја заврши на 19-тото место, а минатата година го возеше болидот на Торо Росо, стартуваше од 11-та позиција, за на крај трката да ја заврши на 13-тото место.
• Чарлс Пик минатата сезона во своето деби во Германија со тимот на Марусија не беше во можност да се квалификува подобро од последната 20-тата позиција, и трката ја заврши на 20-тото место.
• Жил Бјанки ќе го има својот деби старт на оваа патека, а минатата година со болидот на Форс Индија имаше настап на слободните тренинзи.
• Естебан Гутиерез, Гидо ван дер Гард и Макс Чилтон се дебитанти на оваа трка.
ТИМОВИ
• Ред Бул има забележано 1-2 Пол позиција и Победа во 2009 година со Вебер напред и трето место со Ветел пред две години. Од 2009 година, тие секогаш освојуваат поени со двата болида на Германското Гран при, без оглед на патеката.
• Ферари го држи рекордот по Победи, 21, на Германското Гран при. Тие имаа 14 Победи на Нирбургринг, првата во далечната 1951 година, а последната во 2006 година. Тие имаа повеќе победи од сите сои ривали заедно: Мекларен 5, Вилијамс 3, Лотус (во сите варијанти) 2, Мерцедес и Ред Бул 1.
• Мекларен победи na последната трка во Нирбургринг во 2011 година со Хамилтон, а Победник е на Германското ГП осум пати.
• Мерцедес АМГ во 2011 година беше седми во Нирбургринг со Розберг и осми со Михаел Шумахер. Имаат само еден пласман на подиумот во 1954 година, кога Хуан Мануел Фанџо Победи со старт од Пол позицијата.
• Вилијамс стигна до подиумот девет пати во Нирбургринг, Победувајќи на три трки, последно пред 10 години со Ралф Шумахер.
2013 ГЕРМАНИЈА ГП: СТАТИСТИЧКИ СЕМАФОР
7/05/2013 01:30:00 PM
0
Share to other apps