Нико Розберг ја забележа првата Победа за Мерцедес на Британското Гран При од далечната 1955 година. Но, наместо оваа трка да биде запаметена по тоа, сите зборуваат за гумите на Пирели. Во текот на трката имавме голем број експлозии, распаѓања на задната лева гума, кои им ги расипаа сметките на Луис Хамилтон, Фелипе Маса, Жан-Ерик Верн и Серџо Перез.
Инженерите на Пирели внимателно ја испитуваат причината за оваа појава во пресрет на Германското Гран При кое ќе се одржи следниов викенд. Анализата на остатоците од распаднатите гуми веќе се во штабот на Италијанската компанија во Милано, а првичните резултати се дека тоа се случило соради комбинација на факторите: Дизајнот на Рабници-Нискиот притисок во гумите-Дизајнот на патеката. Пирели се очекува да излезе со дефинитивни резултати за причините во наредните 36 часа. Но дали навистина треба да се обвинува Пирели?
Можеби, но само во еден мал дел, поголемиот дел треба да ја сноси ФИА и големата бирократија која е навлезена во Ф1 шампионатот, која очекуваше дека гумите дизајнирани и произведени во лабораториите да работат без проблеми во пракса?!? Пирели веќе од почетокот на годината бараат одговор дали ќе се продолжи договорот за снабдување на Формула 1 со гуми и во наредните години. Зошто би вложувале огромини средства за бадијала. Од таму молк и наместо тоа ги праќаат на суд за прекршување на правилата, за и така малкуте тест сесии што им се на располагање, кога со големи маки ќе наговорат некој тим да им позајми болид и возачи.
А се тоа можело да се избегне. Само по неколку дупнати гуми, појава за која од Пирели беа децидни дека не се опасни по животот на возачите (што се покажа и во пракса: и при максималните брзини при пукањето на гумите, болидите остануваа да се движат по права линија на патеката!!!), се можело да се смени.
ФИА веќе е подготвена да им овозможи на Пирели да ги користат 2013 Ф1 болидите на своите приватни тест сесии во обид да се надминат досегашните проблеми, иако пред недела дена Мерцедес АМГ беше укорен од Меѓународниот трибунал. Пирели веќе има две закажани тест сесии, една на патеката Пол Рикард за следната недела, а другата во Барселона две недели подоцна, кои во моментов треба да се одржат со 2010 тест болидот на Рено.
Ќе се менуваат правилата за тековните Ф1 возачи да им биде дозволено да учествуваат на претстојниот тест на млади возачи како вонредна мерка за да им се помогне на Пирели да ги надминат проблемите со гумите.
Понатаму ФИА е подготвена да направи многу повеќе во иднина за да им помогне на Пирели, а прва идеја е тест сесија веднаш по завршувањето на трката во Бразил на патеката во Интерлагос, која е додадена на дневниот ред на состанок на Спортскиот Работен Комитет на Формула 1 кој ќе се одржи во среда во Нирбургринг. Се планира дво или тродневна тест сесија, но ќе треба одобрение и од сите тимови, бидејќи и тоа ќе бара промена на прописите.
ПИРЕЛИ НЕ Е ВИНОВЕН ЗА ПРОБЛЕМИТЕ СО ГУМИТЕ!!!
7/01/2013 11:31:00 PM
0
Tags
Share to other apps