Доцна попладнево од Пирели излегоа со официјално соопштение во кое детално се објаснуваат причините за пукањето на нивните гуми на Силверстоун и нивните потези за следните трки. Серија на различни причини доведоа до неуспехот на задните гуми во Силверстоун и тоа: Задните гуми биле монтирани на погрешен начин(во обратна насока), тимовите користеле понизок притисок во гумите од минимално препорачаниот, екстремна закосеност и високи рабници. 2013 гумите никогаш немало да ја загрозат безбедноста на возачите, доколку се користеле на правилен начин. Во согласност со ФИА се договорени зимски и тест сесии за развој на гумите во текот на сезоната..
За развивање на толку софистицирани гуми како тие што се користат оваа сезона, за Пирели е важно да има пристап до оперативни податоци за гумите во реално време, посебно за основните параметри како што се притисок, температура и агол на закосеност. Затоа е побарана промена во правилата, кои ќе дозволат пристап на Пирели до овие податоци, од витално значење за развој и управување на овие високо-технолошки гуми. Додека се чекаат новите регулативи Пирели ги предлага следните мерки за претстојните трки, кои треба да бидат потврдени во договор со ФИА, ФОМ, Тимовите и Возачите:
- За Германското Гран при да се употребуваат прототип гумите кои се еволуција на тековните гуми, кои беа тестирани во Канада и се покажаа како сосема сигурни. Ова претставува најдобар потег за техничките карактеристики на Нирбургринг. Новите гуми имаат појас од кевлар, наместо досега користениот челичен појас, а неговата конструкција се враќа како во 2012 година, за да се обезбеди максимална стабилност и држење на патот. Со оглед дека овие гуми се асиметрични, како и сегашните, ќе биде строго забрането да се монтираат наопаку. Предните гуми ќе останат непроменети.
- Од Унгарското ГП, Пирели ќе воведе нова палета на гуми. Новите гуми ќе имаат симетрична структура, со цел да се гарантира максимална безбедност, дури и без пристап до податоците за гумите, што сепак е од суштинско значење за оптимална функција на пософистицираните 2013 гуми. Гумите кои ќе се користат од Унгарското ГП ќе бидат комбинација од карактеристиките на 2012 гумите со перформансите на 2013 смешите. Во суштина, новите гуми ќе имаат структура, конструкција и појас идентични со оние од 2012 година, што ќе обезбеди максимална ефикасност и безбедност. Смешите, кои ќе бидат исти како оние што се користат во текот на 2013 година, ќе гарантираат побрзи кругови и поширок работен опсег. Оваа нова спецификација, како што е договорено со ФИА, ќе биде тестирана за време на тест сесијата за млади возачи која ќе се одржи на Силверстоун од 17-19 Јули. Овие тестови ќе придонесат за развојот на новите гуми, давајќи им можност на тимовите да спроведат соодветна поставеност на своите болиди.
Пол Хембри: "Она што се случи на Силверстоун дефинитивно не вознемири. Со овие софистицирани гуми од витално значење за нас е да имаме пристап до податоците за гумите како што се температура, притисок и аголот на закосеност. Додека чекаме на ревизијата на овие правила, ние ќе ги снабдување тимовите со гуми со кои полесно ќе се справат."
ПИРЕЛИ ЦВРСТО РЕШЕН ДА ЈА ВРАТИ ДОВЕРБАТА ВО СВОИТЕ ГУМИ
7/03/2013 12:05:00 AM
0
Tags
Share to other apps