Фернандо Алонсо призна дека треба да почне да ја намалува разликата од лидер во шампионатот, Себастијан Ветел, веќе од трката во Унгарија. Возачот на Ферари има две Победи оваа сезона за разлика од актуелниот трикратен светски првак со четири, но потенцира дека во Ферари се работи деноноќно да се направи напредок во развојот на Ф138. Ветел има 34 поени предност пред Алонсо со десет трки до крајот на сезоната.
"Ние мора да се обидеме да завршиме пред Ветел", изјави за италијанската телевизија TG1.
"Разликата со Ветел е малку преголема во однос на поени. Ние мора да ја намалиме таа разлика што е можно поскоро. Но, Ред Бул и Ветел, повторно ја имаат предноста на најбрз болид во 2013 година. Секој возач со болидот на Ред Бул успева да биде брз, што се покажа и на тестот за млади возачи во Силверстоун. Останува фактот дека РБ9 е многу брз болид , побрз од сите други."
На Хунгароринг кружат најразлични гласини за можните пермутации во Заубер. Најостварливата е дека ова е последна трка на Нико Хулкенберг за овој тим, поради неисплатени обврски кон него. Каде би заминал не се знае, што значи дека не би возел во Ф1 до крајот на сезоната, а за негова замена се спомнува Робин Фрајнс. Друга гласина е дека и Мониша Калтенборн ќе го напушти тимот, за да стане наследник на Берни Еклстоун, како шеф на Формула 1, и тоа стриктно на областите кои се директно поврзани со работата на шампионатот. Се шпекулира дека по заминувањето на Мониша, во Заубер би можел да дојде синот на претседателот на ФИА, Николас Тод.
Времето ќе биде една од главните варијабли за стратегиите на тимовите за претстојната трка во Унгарија. Како и кај нас се очекува постепено зголемување на температурите. Со почеток во 10 часот по локално време во Хунгароринг температурата веќе порасна до 30 степени и се зголемува, а за време на трката би можело да достигне и до 40 степени. Покрај тоа, постои мала шанса за силна бура и град. Таков беше случај и минатата година, кога по неколку часа по завршувањето на трката, Хунгароринг го зафатија обилни дождови.
КРАТКИ ВЕСТИ: ФЕРНАНДО АЛОНСО СЕ ПРЕДАВА?!?
7/25/2013 02:02:00 PM
0
Share to other apps