Унгарското Гран При е десеттата трка од 2013 сезоната, последната трка пред традиционалниот летен распуст во овој спорт. Тимовите се подготвуваат за борба на тесната и кривулеста патека, Хунгароринг. Трката е присутен во календарот од 1986 година и се рангира на третото место на листата на патеки кои биле домаќини на повеќе последователни Ф1 трки, а пред неа се само Монако(59) и Монца(32).
Хунгароринг е патека на која многу од Ф1 возачите ја забележале својата Прва Ф1 Победа, Фернандо Алонсо во 2003 година, Џенсон Батон во 2006 година. Дејмон Хил, исто така, ја забележа својата Прва Ф1 Победа во Унгарија, во болидот на Вилијамс, далечната 1993 година. Тој беше првиот син на светски шампион кој Победил на Ф1 трка.
Со 14 кривини и само еден вистински правец, Хунгароринг за Ф1 тимовите претставува сличен проблем на кој се среќаваат и во Монако. како да се максимизира и зголеми downforce-от на болифот. Оптималниот аеродинамичен грип ќе биде резултат наподесувањата од страна на тимовите, но механичкиот грип во голема мера ќе зависи од новите гуми на Пирели. Како што знаеме Пирели ги промени гумите за остатокот на сезоната и на овој викенд тие ќе го имаат своето деби (2012 конструкција и 2013 смеши). На оваа трка возачите ќе имаат избор на меки или медиум гуми.
И покрај тоа што Хунгароринг е тешка патека за претекнување, според статистиката, Пол позицијата не е од клучно значење. Така, од 2005 година, возачот кој стартувал од првата позиција, бил победник на трката само два пати, и тоа е Хамилтон. Повеќе за сите возачи во статистичкиот семафор за оваа трка, кој го објавуваме секој петок, кога има тркачки викенд.
Во шампионатот на возачите, сегашниот лидер Себастијан Ветел, ќе има шанса да ја забележи својата прва Победа на патеката на која досега се нема искачено на највисокото скалило од Подиумот. Со првата Победа на Нирбургринг пред три недели, му остануваат уште две патеки од тековниот календар на кои нема забележано триумф, Хунгароринг и Остин, Америка. Возачот кој е во најдобра форма на оваа патека Луис Хамилтон, кој има три Победи и тоа во 2007, 2009, 2012 година, една помалку од Михаел Шумахер, кој го држи рекордот од 4 Победи. Во битката на конструктори, Ред Бул има 67 поени предност пред Мерцедес АМГ на второ место, кои пак имаат само три бода повеќе од Ферари на трето место.
ВО ПРЕСРЕТ НА УНГАРСКОТО ГП
7/25/2013 06:20:00 PM
0
Share to other apps