Кими Раиконен се квалификуваше на четврта, а Роман Грожан на петтата стартна позиција на една од поинтересните квалификациски сесии оваа сезона, која се одржа на патеката Нирбургринг. Денешните освоени позиции се вторите најдобри пласмани на тимот, по втората и шестата позиција на Малезиското ГП.
Кими верува дека требаше да биде на третата, но и 4-тата стартна позиција е прилично добро место за почеток на трката:
"Болид, денес, се однесуваше многу добро, но при мојот брз круг во Q3 на нови гуми, ми беше потребно повеќе време да ги загреам предните гуми, до посакуваната температура, што значи дека изгубив доста време во првиот сектор. Имаше многу сообраќај на патеката при излезниот круг, така што, јас не можев да форсирам колку што сакав. Сигурен сум дека тоа ми одмогна, а ние веројатно требаше да бидеме на третата стартна позиција, но и 4-тата позиција е прилично добро место за старт на трката."
КИМИ ВЕРУВА ДЕКА МОЖЕЛ ДО ТРЕТАТА СТАРТНА ПОЗИЦИЈА
7/06/2013 10:29:00 PM
0
Share to other apps