Луис Хамилтон смета дека ќе биде тешко, но не и невозможно да се задржи Себастијан Ветел зад него за Победата на Германското Гран при. Мерцедес АМГ има направено добар напредок во последниве трки со менаџирањето на своите гуми, иако, како што и Хамилтон смета дека има уште многу да се работи.
"Мислам дека ќе биде многу тешко за се задржи Себастијан зад мене. Во Ред Бул направија еден чекор напред овој викенд, но и многу други тимови го направија тој еден чекор напред. Вебер ми рече дека гумите работат добро на неговиот болид, па мислам дека можеби тие се стекнаа со поголема предност отколку ние со оваа промена на гумите. Неговите долги стинтови беа многи добри, на вчерашните тренинзи, па мислам дека и двата болиди на Ред Бул, утре ќе бидат со силни перформанси. Но, се разбира се ќе зависи и од стартот на трката и би ми помогнало, ако бидам на прво место и по првата кривина."
"Ние се уште имаме проблеми со деградацијата на гумите, тоа не е нешто што може наеднаш да се реши, но на трката се е возможно. Имам нов сет-ап, кој не знаеме како ќе функционира на долги стинтови. Се надевам на среќа и дека се ќе работи добро."
ЛУИС ХАМИЛТОН СО ТЕШКА ЗАДАЧА ДА ГО ЗАДРЖИ РЕД БУЛ ЗАД СЕБЕ
7/06/2013 11:13:00 PM
0
Share to other apps