Ветел се прашува дали има побрз возач од него!!!
Tрикратниот Шампион во Формула 1 на последниот ден од тестот за млади возачи, го зеде РБ9 во свои раце и ги докажа своите квалитети, поставувајќи го најбрзото време на сите три тест дена, додека ги тестираше новите гуми на Пирели кои ќе се користат од Унгарското ГП, кое се одржува веќе следниот викенд.Белег на денот остави Сузи Волф која се запознаваше со болидот на Вилијамс и ги подгреа надежите дека во блиска иднина ќе имаме жена возач во Ф1 мотоспортот. Во утринскиот дел имала Аеро тестови, за потоа да се симулраат услови на трка со вежбање на пит-стопови, област во која сакаат да се подобрат во тимот на Вилијамс во пресрет на следната трка.
Сузи Волф: " Ова беше фантастичен ден. Тимот направи одлична работа насочувајќи ме во текот на денот, чекор по чекор. Гледано во ретроспектива ќе беше добро да имам уште кругови на новите гуми, бидејќи мислам дека не ги тестиравме доволно медиум гумите. Физички не беше лесно, но тоа беше она што јас го очекував. Јас бев добро подготвена, па се беше под контрола. Единствено, седиштето во болидот ми беше проблем, бидејќи ми беше преголемо. Кога се ќе се собере, ова беше фантастично искуство.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Себастијан Ветел Ред Бул 1:32.894 79
2. Адријан Сутил Форс Индија 1:33.242 + 0.348 99
3. Никола Прост Лотус 1:33.256 + 0.362 83
4. Карлос Саинц Џуниор Ред Бул 1:33.546 + 0.652 35
5. Давиде Ригон Ферари 1:33.592 + 0.698 20
6. Фелипе Маса Ферари 1:33.624 + 0.730 69
7. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:33.647 + 0.753 42
8. Гери Пафет Мекларен 1:34.294 + 1.400 77
9. Сузи Волф Вилијамс 1:35.093 + 2.199 89
10. Гидо ван дер Гард Катерам 1:35.155 + 2.261 85
11. Даниил Квајт Торо Росо 1:35.281 + 2.387 22
12. Чарлс Пик Катерам 1:35.576 + 2.682 60
13. Кимија Сато Заубер 1:35.642 + 2.748 67
14. Родолфо Гонзалес Марусија 1:36.339 + 3.445 24
15. Џејмс Каладо Форс Индија 1:36.451 + 3.557 5
16. Жил Бјанки Марусија 1:36.744 + 3.850 39