Големи очекувања за Даниел Рикардо!!!
Даниел Рикардо беше најбрз на вториот ден од тест сесијата во Силверстоун, но со болидот на Торо Росо, а не на Ред Бул. Со РБ9 го имаше третото најбрзо време. Австралијанецот според повеќето медиуми денес имаше неофицијална аудиција за возачкото место во Ред Бул за 2014. По завршувањето на тест сесијата изјави дека го дал својот максумим и мисли дека покажал дека го заслужува местото на Марк Вебер во Ред Бул за 2014 сезоната. Но, и покрај тоа со болидот дојде само до две десетинки од неговоте најдобро време. Исто така, во првите извозени кругови, додека се навикнуваше на РБ9, имаше излетување надвор од патеката во заштитниот песок.Карлос Саинц јуниор исто така импресираше на денешниот ден. Шпанецот во своето прво возење на Ф1 болид, го постигна второто најдобро време на денот во Силверстоун, само неколку стотинки од својот колега во Торо Росо, Даниел Рикардо. Но, и покрај импресивната брзина, Саинц смирено, изјави, дека ова не значи ништо.
"Овој тест е само тест, јас сум тука, затоа што Ред Бул ме избра мене да го направам овој тест. Но, овој тест не значи ништо. Единственото нешто што се надевам е дека тие се задоволни со моите перформанси и мислам дека сум доволно зрел за повеќе тестови, бидејќи се разбира откако ќе направите еден тест, вие секогаш сакате повеќе и повеќе"
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Даниел Рикардо Торо Росо 1:32.972 48
2. Карлос Саинц Џуниор Торо Росо 1:33.016 + 0.044 39
3. Даниел Рикардо Ред Бул 1:33.187 + 0.215 59
4. Давиде Валсеки Лотус 1:33.554 + 0.582 91
5. Оливер Тарви Мекларен 1:33.864 + 0.892 97
6. Џејмс Каладо Форс Индија 1:33.957 + 0.985 47
7. Антонио Феликс да Коста Ред Бул 1:33.958 + 0.986 19
8. Давиде Ригон Ферари 1:34.053 + 1.081 97
9. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:34.116 + 1.144 71
10. Нико Хулкенберг Заубер 1:34.224 + 1.252 52
11. Даниел Јункадеља Вилијамс 1:34.631 + 1.659 33
12. Робин Фрајнс Заубер 1:34.731 + 1.759 17
13. Вил Стивенс Катерам 1:36.082 + 3.110 98
14. Пол ди Реста Форс Индија 1:36.356 + 3.384 41
15. Родолфо Гонзалес Марусија 1:37.949 + 4.977 92