Тој на стартот успеа да го задржи водечкото место, со мали проблеми при кочењето за првата кривина, но потоа избега пред останатите, а неговото водство никогаш не беше доведено во опасност. Ова беше втора по ред победа за Себастијан Ветел, нови лесни 25 поени, со што го зголеми своето водство во шампионатот на возачи, пред Фернандо Алонсо, кој денес не успеа да му парира на Германецот и ако не беше оштетениот менувач на Вебер, можеби ќе го изгубеше и второто место. Ферари денес ја немаше потребната брзина да се бори за Победата пред многубројната домашна публика.
Но, дека и Фернандо Алонсо е одличен возач, најубаво ни покажа во третиот круг кога со потег од надворешната страна при влез на шиканата Roggia возеше тркало до тркало со Марк Вебер за на излезот го помине за третото место, со мал контакт меѓу двата болиди. Следуваше Маса, кој го пропушти својот тимски колега,препуштајќи му го второто место и чиста патека за борба со Ветел, но Германецот беше недостижен. Кога на тоа ќе ја додадеме и погрешната стратегија на Ферари да го остават Алонсо четири круга повеќе пред неговиот единствен пит-стоп, во кои губеше секунда по круг, веќе на половина од трката Победникот беше решен. Алонсо се врати само малку пред Вебер, кој го помина Маса низ боксовите, и како што напоменавме претходно, ако ги немаше проблемите со менувачот, можевме лесно да видиме и 1-2 Победа на Ред Бул.
Нико Хулкенберг, третата стартна позиција со неговиот Заубер ја претвори во петто место на трката, успевајќи да биде во чекор со Алонсо, Вебер и Маса на крајот на еден одличен викенд за него.
ГОЛЕМА НАГРАДА НА ИТАЛИЈА, МОНЦА
53 круга, 306.720км., Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Себастијан Ветел Ред Бул 1ч18:33.352
2. Фернандо Алонсо Ферари + 5.467
3. Марк Вебер Ред Бул + 6.350
4. Фелипе Маса Ферари + 9.361
5. Нико Хулкенберг Заубер + 10.355
6. Нико Розберг Мерцедес + 10.999
7. Даниел Рикиардо Торо Росо + 32.329
8. Роман Грожан Лотус + 33.130
9. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ + 33.527
10. Џенсон Батон Мекларен + 38.327
11. Кими Раиконен Лотус + 38.695
12. Серџо Перез Мекларен + 39.765
13. Естебан Гутиерес Заубер + 40.880
14. Пастор Малдонадо Вилијамс + 49.085
15. Валтери Ботас Вилијамс + 56.827
16. Адријан Сутил Форс Индија + 1 круг
17. Чарлс Пик Катерам + 1 круг
18. Гидо ван дер Гард Катерам + 1 круг
19. Жил Бјанки Марусија + 1 круг
20. Макс Чилтон Марусија + 1 круг
Најбрз Круг: Луис Хамилтон - 1:25.849
БЕЗ ПЛАСМАН:
ВОЗАЧ ТИМ При круг
Жан-Ерик Верн Торо Росо 35
Пол ди Реста Форс Индија 1
Генерален пласман по 12 поминати трки:
Возачи: Конструктори:
1. С.Ветел 222 1. Ред Бул 352
2. Ф.Алонсо 169 2. Ферари 248
3. Л.Хамилтон 141 3. Мерцедес АМГ 245
4. К.Раиконен 134 4. Лотус 191
5. М.Вебер 130 5. Мекларен 66
6. Н.Розберг 104 6. форс Индија 61
7. Ф.Маса 79 7. Торо Росо 31
8. Р.Грожан 57 8. Заубер 17
9. Џ.Батон 48 9. Вилијамс 1
10. П.ди Реста 36
11. А.Сутил 25
12. С.Перез 18
13. Д.Рикардо 18
14. Н.Хулкенберг 17
15. Ж.Верн 13
16. П.Малдонадо 1