Фановите на Ферари си кажаа што мислат за доаѓањето на Кими!!!
Лука ди Монтеѕемоло, Претседателот на Ферари, изјави дека возачката постава на Ферари за следната 2014 сезона ќе биде одлучена во наредните денови, и тој не ја отфрли можноста за враќање на Кими Раиконен."Ние ќе мислиме на нашата возачка постава за 2014 година веднаш по Монца, затоа што сакавме да пристигнеме на домашното Гран При, без било каков чуден притисок. Одлуката ќе ја донесеме во наредните денови. Ние немаме донесено никаков вид на одлука, и се уште не сме потпишале договор со никого. Ние ќе разговараме со Маса, комбинирано со нашето(т.е. моето) мислење, а потоа ќе одлучиме."
Иако од Ферари инсистираат дека добар настап на Италијанското Гран При може да биде доволно за Маса да го задржи своето место, медиумите присутни во падокот на Монца, шпекулираат дека тимот сериозно размислува за други опции, а од Скај Ф1 најмногу типуваат на кам-бек на Раиконен. Но, Лука ди Монтеѕемоло, изјави дека на списокот на потенцијални возачи не е само Финецот.