Себ сигурно чекори до нова Титула Светски Шампион!!!
Себастијан Ветел по денешната доминантна Победа на патеката Марина Беј во Сингапур, слободно може да направи ново слободно место каде што ќе ја стави 4-тата последователна титула Шампион во Формула 1. Ветел доминираше во поголемиот дел од трката, и кога беше потребно беше две секунди по круг побрз од неговите ривали, а неговиот тим беше стратегиски непогрешлив кога требаше да се донесат важните тактички одлуки. Тоа е тоа луѓе, дежа ву, од 2011 сезоната, Титулите за оваа година се решени, и повторно ни останува да се надеваме дека следната 2014 сезона со комплетно нови болиди, ќе биде повозбудлива, кога се во прашање титулите, иако трките гледано поединечно не се за фрлање, и гледаме интересни претекнувања на патеката.
СИНГАПУР ГРАН ПРИ, МАРИНА БЕЈ, СИНГАПУР;
61 круга, 309.087 км., Време: Суво, Ноќна трка.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Себастијан Ветел Ред Бул 1ч59:13.132
2. Фернандо Алонсо Ферари + 32.627
3. Кими Раиконен Лотус + 43.920
4. Нико Розберг Мерцедес АМГ + 51.155
5. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ + 53.159
6. Фелипе Маса Ферари + 1:03.877
7. Џенсон Батон Мекларен + 1:23.354
8. Серџо Перез Мекларен + 1:23.820
9. Нико Хулкенберг Заубер + 1:24.261
10. Адријан Сутил Форс Индија + 1:24.668
11. Пастор Малдонадо Вилијамс + 1:28.479
12. Естебан Гутиерез Заубер + 1:37.894
13. Валтери Ботас Вилијамс + 1:45.161
14. Жан-Ерик Верн Торо Росо + 1:53.512
15. Марк Вебер Ред Бул + 1 круг
16. Гидо ван дер Гард Катерам + 1 круг
17. Макс Чилтон Марусија + 1 круг
18. Жил Бјанки Марусија + 1 круг
19. Чарлс Пик Катерам + 1 круг
НАЈБРЗ КРУГ: Себастијан Ветел 1:48.574
БЕЗ ПЛАСМАН:
ВОЗАЧ ТИМ ПРИ КРУГ
Пол ди Реста Форс Индија 54
Роман Грожан Лотус 37
Даниел Рикиардо Торо Росо 23
ПЛАСМАН ПО 13 ТРКИ:
ВОЗАЧИ: КОНСТРУКТОРИ:
1. С.Ветел 247 1. Ред Бул 377
2. Ф.Алонсо 187 2. Ферари 274
3. Л.Хамилтон 151 3. Мерцедес АМГ 267
4. К.Раиконен 149 4. Лотус 206
5. М.Вебер 130 5. Мекларен 76
6. Н.Розберг 116 6. Форс Индија 62
7. Ф.Маса 87 7. Торо Росо 31
8. Р.Грожан 57 8. Заубер 19
9. Џ.Батон 54 9. Вилијамс 1
10. П.ди Реста 36
11. А.Сутил 26
12. С.Перез 22
13. Н.Хулкенберг 19
14. Д.Рикиардо 18
15. Ж.Верн 13
16. П.Малдонадо 1