Фернандо Алонсо сонува ако мисли дека измената на правилата во Формула 1 за 2014 година ќе променат нешто во обидот Ферари да го победи Ред Бул. Ова е мислењето на Алан Перман, еден од директорите на тимот на Лотус Ф1. Шпанецот по трката во Сингапур изјави дека неговиот фокус ќе биде насочен кон битката за 2014 титулата, бидејќи промената кон новите V6 турбо мотори значи дека секој тим ќе стартува од нула.
Алан Перман:
"Едно е сигурно, и ако се стартува од нула, Ф1 тимовите како Катерам и Марусија тешко дека може да ја започнат следната сезона со шанси за Победа на трките. Едноставно такви изненадувања се невозможни. Ќе има мало ресетирање во разликите, но нема да има тотално ресетирање. Себастијан Ветел сега има две секунди по круг предност, и тој ќе пренесе дел од таа предност и во идната година."
"Но, да се соочиме со вистината, Ред Бул се подобри во изградба на брз болид сега, па зошто да не бидат подобри во изградба на болидот и за следната сезона? Претпоставувам дека сите се надеваат на влијанието на моторот, но, не постои причина да се верува дека Рено нема да успее да дизајнира компетитивен мотор. Можете да бидете сигурни дека Ветел ќе има моќен, но, и моторот кој ќе има мала потрошувачка на гориво. Ред Бул се уште ќе биде тимот што треба да се победи и следната година, а Ветел ќе биде возачот кој ќе треба да се победи."
ФЕРАРИ МОЖЕ ДА ЗАБОРАВИ НА ТИТУЛИТЕ И ВО 2014 ГОДИНА
9/24/2013 11:40:00 PM
0
Share to other apps