Добра вест за Ферари е второто најбрзо време поставено од Фернандо Алонсо, со заостанување од само 0.035 секунди, а со предност од 0.1 секунди пред вториот возач на Мерцедес АМГ, Нико Розберг, кој го постави третото најбрзо време. Себастијан Ветел беше четврти најбрз, пред Кими Раиконен со што се заокружуваат најбрзите пет возачи.
Дуото на Мекларен, Серџо Перез и Џенсон Батон, покажаа подобри перформанси од вообичаеното и беа шести и седми соодветно. Единствениот возач со технички проблеми беше Нико Хулкенберг,кој мака мачеше со својот менувач кој остана заглавен во трета брзина. Во боксот на Заубер се обидоа да го вратат на патеката но неговиот болид застана ведна по тргнувањето од гаражата. Пастор Малдонадо пак беше возачот со најмногу излетувања надвор од патеката и никако не можеше да го контролира својот Вилијамс.
На оваа тренинг сесија видовме тројца резервни возачи: Џејмс Каладо, најновата аквизиција на Форс Индија, кој се покажа во одлично светло, завршувајќи само 0.4 секунди побавно отколку тимскиот колега Пол ди Реста. Хеики Ковалаинен го замени Гидо ван дер Гард во Катерам, а Родолфо Гонзалес го менуваше Жил Бјанки во Марусија.
Вториот слободен тренинг е закажан за 14:00 часот.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:25.565 24
2. Фернандо Алонсо Ферари 1:25.600 + 0.035 25
3. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:25.704 + 0.139 25
4. Себастијан Ветел Ред Бул 1:25.753 + 0.188 26
5. Кими Раиконен Лотус 1:25.941 + 0.376 22
6. Серџо Перез Мекларен 1:26.007 + 0.442 24
7. Џенсон Батон Мекларен 1:26.035 + 0.470 23
8. Марк Вебер Ред Бул 1:26.103 + 0.538 27
9. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:26.149 + 0.584 21
10. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:26.155 + 0.590 25
11. Естебан Гутиерес Заубер 1:26.194 + 0.629 25
12. Роман Грожан Лотус 1:26.295 + 0.730 23
13. Даниел Рикиардо Торо Росо 1:26.387 + 0.822 21
14. Фелипе Маса Ферари 1:26.449 + 0.884 16
15. Пол ди Реста Форс Индија 1:26.594 + 1.029 13
16. Валтери Ботас Вилијамс 1:26.802 + 1.237 21
17. Џејмс Каладо Форс Индија 1:27.041 + 1.476 24
18. Нико Хулкенберг Заубер 1:27.224 + 1.659 16
19. Чарлс Пик Катерам 1:27.818 + 2.253 24
20. Макс Чилтон Марусија 1:27.869 + 2.304 20
21. Хеики Ковалаинен Катерам 1:28.192 + 2.627 21
22. Родолфо Гонзалес Марусија 1:29.526 + 3.961 26