Изградена во 1922 година, Монца е домаќин на најмногу трки од Формула 1 Шампионатот, од било која друга патека. Првотo Италијанското ГП се одржало во 1921 година во Бреша и победник бил Jules Goux, а потоа во 1922 оваа трка се сели во Монца. Италијанското ГП е една од двете трки кои се возат секоја година од инаугуративната сезона на ова првенство во 1950 година, другата е Британското ГП. Оригиналната Монца имала над 10 километри. Во текот на последните десет години безбедносното возило излегувало само три пати за време на Трката, чија просечна брзина е најголема, па растојанието од 300 км се завршува во најкус рок од целата сезона. Поради нискиот downforce, користа од ДРС-системот е ограничена.
ВОЗАЧИ
• Себастијан Ветел има само два пласмани на подиумот во Монца, но и двата се Победи, и тоа со Торо Росо во 2008 година и Ред Бул во 2011 година. На истите тие трки тој стартуваше од Пол позицијата, единствените негови пласмани на првиот стартен ред. Има стартувано седум трки на Монца, а минатат година е единствениот пат кога не ја финишираше трката, поради проблемите со тогаш фамозниот алтернатор на Ред Бул.
• Марк Вебер никогаш не завршил на подиумот, не се квалификувал на првиот ред, нити пак бил во водство на оваа патека. Неговиот најдобар резултатот е шестото место во 2010 година, никогаш нема пласман ни во Топ 5, додека негова најдобра стартна позиција е третата, освоена во 2008 година. Во изминатите четири трки, три пати не успева да стигне до целта, вклучувајќи ја и минатогодишната, да го заокружи катастрофалниот настап на тимот на Ред Бул.
• Фернандо Алонсо во два наврата забележува хет-трил Пол позиција, Победа, Најбрз круг во Монца, во 2007 и 2010 година. Тој завршува на третото место на последните две трки и секогаш има пласман во Топ 10, освен на дебито на оваа патека со Минарди во 2001 година кога беше тринаесетти. Од вкупно 11 стартувани трки во Монца, не успеал да заврши две во моментите кога се наоѓаше на третото место, и тоа во 2004, кога се изврте на патеката, и 2006 година, кога откажа неговиот мотор. Тоа се години кога возеше за тимот на Рено.
• Фелипе Маса има само еден пласман на подиумот во девет трки во Монца, со третото место во 2010 година. Тој никогаш не стартувал од првиот ред, а неговата најдобра стартна позиција е третата, забележана во три наврати во 2007, 2010 и 2012 година.
• Џенсон Батон беше втор три пати на Италијанското ГП, од 2009 до 2011 година, и минатата година се откажа од трката кога беше на второ место, толку блиску, но никогаш не успеа да стигне до победата во Монца. Најдобра освоена стартна позиција му е втората освоена 2010 и минатата година.
• Серџо Перез има два настапи на оваа патека со тимот на Заубер, а минатата година забележа голем пробив, завршувајќи втор, со старт од 12-тата позиција. Тоа е еден од неговите два најдобри резултати во кариерата, заедно со 2012 Малезија ГП. Неговото второ место во Монца, е последниот негов пласман на подиумот.
• Кими Раиконен има три пласмани на Подиумот во Монца, второ место во 2006 и трети места во 2007 и 2009 година. Минатата година тој заврши на петтото место по стартот од седмата позиција. Кими во своите 10 настапи во Монца, со 4 различни тима, секогаш се пласира во Топ 10 на крајот од трката. Најдобра стартна позиција му е третата со Ферари во 2009 година. Има една неофицијална Пол позиција во 2005 година кога го забележа најбрзото време, но не стартуваше од првата позиција, бодејќи беше казнет со 10 места поназад, по замената на неговиот мотор.
• Роман Грожан има само еден настап на Италијанското Гран При со тимот на Рено во 2009 година, кога се квалификуваше на 12-тата озиција,а трката ја заврши на 15-то место. Минатата година ја издржуваше суспензијата од една трка, по судирот што го предивика на СПА.
• Нико Розберг има забележано само три пласмани во Топ 10 од седум стартувани трки и тоа 5-то место во 2010, шесто во 2007 и седмото од минатата година. Во квалификациите никогаш не се пласирал во Најбрзите 5 возачи, а најдобра стартна позиција му е 5-тата од 2008 година, со болидот на Вилијамс.
• Луис Хамилтон има 6 настапи на Монца, во кои има освоено две Пол Позиции во 2009 и 2012 година, но само минатата година успеа да ја претвори во Победа. Има уште еден пласман на Подиумот со второто место на своето деби во Монца, во 2007 година. Покрај двете Пол позиции има уште два пласмани на првиот стартен ред во 2007 и 2011 година. Во 2008 година, во влажни квалификации, тој беше жртва на грешна процена на неговиот тим и го забележа единствениот пласман надвор од Топ 10, со само 15-тата стартна позиција, која ја претвори во 7-мо место на трката.
• Нико Хулкенберг беше седми во 2010 година со болидот на Вилијамс, но минатата година имаше многу лош викенд, тој имаше механички дефект во Q1, мораше да стартува последен, за потоа да се откаже поради проблеми со сопирачките во трката.
• Пол ди Реста заврши на осмото место во своите два настапи на Италијанското Гран При, 2011 година со старт од 11-тата, а минатата со старт од 9-тата позиција.
• Адриан Сутил има 5 настапи на оваа патека, во период од 2007-11 година, и не баш најдобри спомени, освен при својот најдобар настап, што го имаше во 2009 година, кога успеа да се пласира на првиот стартен ред, т.е. втората стартна позиција, за трката да ја заврши на 4-тото место. Тоа се единствените негови резултати во Топ 10 на квалификациите и во трка. Од тогаш, тој не беше во можност да ги повтори тие резултати во следните 53 трки.
• Пастор Малдонадо пак завршува на 11-тото место во своите две трки во Монца, 2011 година со старт од 14-тата позиција, а минатата со старт од дури 22-та позиција.
• Жан-Ерик Верн минатата година беше дебитант на оваа патека, на квалификациите беше 16-ти најбрз возач, а трката не ја заврши поради проблеми со амортизацијата на болидот, во моменти кога се наоѓаше на 16-тото место.
• Даниел Рикиардо има два настапи во Монца, 2011 година со болидот на ХРТ не успеа да ја заврши трката, а минатата година со Торо Росо се квалификуваше на 14-тата стартна позиција, и трката ја заврши на 12-то место.
• Чарлс Пик во своето деби на Италијанското ГП со тимот на Марусија не беше во можност да се квалификува подобро од 20-тата позиција, но во трката напредуваше и заврши на 16-тото место.
• Естебан Гутиерез, Валтери Ботас, Гидо ван дер Гард, Жил Бјанки и Макс Чилтон се дебитанти на оваа трка, а единствено Финецот и Французинот имаат настап на минатогодишните тренинзи со болидите на Вилијамс, т.е. Форс Индија.
ТИМОВИ
• Ферари е најдобриот тим со 18 Победи во Монца, а последната е од 2010 година со Фернандо Алонсо. Тие се најдобриот тим и по Пол позиции-19 и пласмани на Подиумот-63. Во последните 10 трки пропуштиле да се пласираат на Подиумот само во 2005 и 2008 година.
• Мекларен е вториот тим по Победи, 26, во Монца, и имаат добри настапи на последните 8 трки, со три Победи и пет втори места, за вкупно осум подиуми од 16 старта. Во истиот период, успеаа да освојат пет Пол позиции од осум обиди, вкупно имаат 11.
• Вилијамс е трет тим по забележани Победи, 6, а последната е со Хуан Пабло Монтоја во 2001 година, а последен пат се искачија на подиумот на оваа патека во 2003 година исто така со Монтоја кој го освои второто место, но на последните четири трки имаат многу слаби настапи. Имаат 7 Пол позиции, последната во 2002 година повторно со Монтоја.
• Лотус во Монца има забележано 5 Победи, но последната е од далечната 1977 година со Марио Андрети, а последниот пласман на подиумот им е во 2005 година со Фернандо Алонсо во второ и Џанкарло Физикела на третото место. Како и Вилијамс имаат 7 Пол позиции, последната во 1985 година со Аиртон Сена.
• Мерцедес има две Победи во Монца во далечните 1954 и 1955 година, а 55-тата е нивната последна еден-два Победа со Хуан Мануел Фанџо и Пјеро Таруфи. Од своето враќање во Формула 1, најдобар резултат во трка е 5-тото место на Розберг во 2010 година и Михаел Шумахер во 2011, а во квалификациите е 4-тата стартна позиција на Михаел Шумахер од минатата година.
• Ред Бул нема баш добри резултати на Монца, единствените Пол позиција, Победа и Најбрз Круг ги имаат со Себастијан Ветел во 2011 година, а минатата година и двата нивни болиди не ја завршија трката.
• Форс Индија има освоено поени само три пати од пет трки во Монца, четвртото место од страна на Сутил во 2009 година и осмите места на ди Реста во 2011 и минатата година.
• Заубер во два наврата забележа пласмани на подиумот во Монца, со второто место на Перез од минатата година и третото место со Хајнц Харалд Френцен во 1995 година. Минатата година Камуи Кобајаши беше деветти.
• Торо Росо има една Победа тука со Ветел во 2008 година, и пласмани во поени со Џејми Агуерсуари, 7 место, и Себастијан Буеми, 10-то место во 2011 година.
2013 ИТАЛИЈА ГП: СТАТИСТИЧКИ СЕМАФОР
9/06/2013 03:04:00 PM
0
Share to other apps