Доведувањето на Кими, мотивација за Алонсо!!!
Себастијан Ветел, трикратниот Светски шампион за австриското списание Спортвое, изјавил дека ќе му недостига сегашниот тимски колега, Марк Вебер, и покрај ладните односи меѓу двајцата возачи на тимот на Ред Бул. Заедно во овој тим се од 2009 година, имааа не баш добар однос, кој веројатно беше прекинат целосно по "мулти-21" аферата."Може да кажете она што сакате за нашиот однос, но на крајот се сведува дека ние меѓусебно се боревме со сите сили. По заминување на Марк, мене ќе ми недостига тоа. Борбата се уште трае и оваа сезона, се обидувам да дознаам што тој прави на патеката, а тоа ме држи во фокус низ сезоната. Иако тоа се согледува поинаку од надвор, беше важно што секогаш бев гладен за успех."
Секако дека е во право Германецот, и на крај е добро што и самиот признава дека Марк Вебер го направил подобар возач, што нема да го добие од Даниел Рикиардо, кој ќе ја има улогата на Маса во Ферари. Можеби и тоа е мал дел од причините за "стагнацијата" на Фернандо Алонсо од кога дојде во Италијанскиот тим. Добро е да се има тимски колега што ќе бара секогаш да го дадеш најдоброто од себе.