Во Кореја ќе се користат медиум и супер-меките гуми. Површината на оваа патека има тенденција да биде лизгава, со широк спектар на кривини и неколку области на нагло сопирање. Медиум гумите се справуваат добро со широките барања на патеката, додека супер-меките гуми се способни за генерирање на највисоко можно ниво на тракција на лизгава површина.
За патеката Сузука во Јапонија, една од најпопуларните и историски патеки во календарот, се избрани портокаловите тврди и белите медиум гуми. Тие се дизајнирани да ги апсорбираат високо-енергетски барања на брзите кривини како што се 130C и Spoon, кои се главните карактеристики на оваа позната Јапонска патека.
За Индија се номинирани белите медиум и жолтите меки гуми. Оваа комбинација е избрана да обезбеди најдобар можен компромис меѓу перформансите и трајноста на патеката Buddh, која е позната по својите големи промени на височината и технички барања на кривините.
Правилата предвидуваат дека во нормални околности секој тим ќе добие шест комплети од потврдите и пет сета на помеките гуми за секој тркачки викенд. Пирели исто така, на секоја трка, ги носи и своите зелени интермедиа и сините гуми за дожд.
ТРКА ЦРВЕНИ ЖОЛТИ БЕЛИ ПОРТОКАЛОВИ 1. Австралија Супер-меки Медиум 2. Малезија Медиум Тврди 3. Кина Меки Медиум 4. Бахреин Медиум Тврди 5. Шпанија Медиум Тврди 6. Монако Супер-меки Меки 7. Канада Супер-меки Медиум 8. Британија Медиум Тврди 9. Германија Меки Медиум 10. Унгарија Меки Медиум 11. Белгија Медиум Тврди 12. Италија Медиум Тврди 13. Сингапур Супер-меки Медиум 14. Кореја Супер-меки Медиум 13. Јапонија Медиум Тврди 14. Индија Меки Медиум