2014/2015 ФИА Формула Е Шампионатот, првиот во кој ќе учествуваат целосно електрични болиди, ќе се состои од над 10 улични трки низ целиот свет. Сите трки ќе бидат еднодневни настани со тренинг сесија, квалификации и трка, со цел да се намалат трошоците и да се минимизираат нарушувањата на градовите домаќини.
ТРЕНИНЗИ
Сите настани ќе започнуваат со еден час време за тренинг сесија, на која возачите ќе ја искусат патеката. Тие ќе имаат на располагање два болиди, и ќе им се даде можност да го променат болидот кога тие ќе посакаат. Целосната нивна моќност од 200kW/270КС, ќе им биде достапни во текот на тренигот.
КВАЛИФИКАЦИИ
Квалификациската сесија е директна борба за поставување на најбрзо време и ќе го одредува редоследот за старт на трката. Возачите ќе бидат во можност да користат само еден болид и ќе имаат максимум четири круга за да го постават нивното најбрзо време. Два круга ќе се мерат, додека останатите два се излезниот и влезниот круг од/во боксовите. Болидите ќе излегуваат на патеката етапно со одредено временско растојание, со цел да се избегне застој во одвивањето на сесијата. Редоследот на излегување на болидите ќе биде избран од страна на возачот кој ќе го постави најбрзото време на тренинг сесијата. Целосната нивна моќност од 200kW/270КС, ќе им биде достапни во текот на тренигот.
ТРКА
Трки ќе започне со старт од место, и ќе трае околу еден час, а возачите ќе мора да одработат два задолжителни пит-стопа со цел да се промени болидот. Моторите ќе имаат ограничена моќност од 133kw/180КС, а за олеснување на претекнувањата, со помош на Push-to-Pass копче ќе може привремено да се користи нивната максимална моќност од 200kW/270КС.
ШАМПИОНАТ
ФИА Формула Е Шампионатот ќе се состои од два шампионати на возачи и тимови. Крајниот резултат во шампионатот на возачи ќе биде збир од најдобрите 8 постугнувања на возачот, т.е. ќе се минусираат двата најслаби резултати. Во шампионатот на тимови ќе се собираат постигнатите резултати од сите трки од сезона.
ПИТ-СТОП/ПРОМЕНА НА БОЛИДИ
За време на трките, возачите мора да направат два задолжителни пит-стопа со цел да се промени болидот. Ова мора да се одвива во нивниот бокс и ќе биде набљудувано од страна на стјуард назначен од ФИА, за да се обезбеди почитување на сите безбедносни процедури. Промена на гумите не е дозволена, освен во случај оштетена гума.
PUSH-TO-PASS КОПЧЕ
Само за време на трките, возачите ќе може да користат однапред определен број зголемувања на моќноста на моторите за помош при претекнување. Како што е напоменато претходно, со ова се зголемува излезната моќност на болидот од 133kw на 200kW во ограничен временски период.
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.