Фелипе Маса открива дека тој нема да биде во Ферари следната сезона:
"Од 2014 година јас веќе нема да возам за Ферари. Јас би сакал да се заблагодарам на тимот за сите победи и неверојатни моменти кои ги доживеавме заедно. Им заблагодарувам, исто така, на мојата сопруга и сите од моето семејство, на моите фанови и сите мои спонзори. Од секој од вас јас отсекогаш добивав голема поддршка! Токму сега сакам да форсирам колку што е можно со Ферари на преостанатите 7 трки. За наредната година, би сакал да најдам тим кој може да ми даде конкурентен болид за многу наредни Победи и борба за титулата кој останува мојата најголема цел! ви благодарам на сите. Фелипе ".
Опциите на Маса за да обезбеди место во еден од подобрите тимови, се речиси невозможни, со најавите дека Мекларен ќе ги задржи Џенсон Батон и Серџо Перез, а Лотус се надева на Нико Хулкенберг, ако Раиконен премине во Ферари. Така да можеби ќе го снајде судбината на Рубенс Баричело.
Фелипе Маса ќе остане запаметен како еден од највредните возачи кои Ферари ги имал, како тимски играч. Можеби не направи доволно, да го задржи своето место, но за тоа во ерата на Фернандо Алонсо, во повеќето случаи не беше негова вина, туку пред се стратегиски грешки на тимот. Па, веќе ако во Ферари решиле да им тргне на подобро, тогаш треба да го сменат и Стефано Доменикали, најголемиот виновник за лошите сезони на овој тим. Повеќето трки на Фелипе Маса беа уништени од нелогичните стратегиски одлуки кои го фаворизираа Шпанецот и кога за тоа немаше потреба. Се сеќавам на повеќе трки, кои му беа уништени поради тоа што мораше да чека на патеката со потрошени гуми, а секоја ризична стратегија беше испробувана прво на него.
Повеќето велат дека формата на Бразилецот почна да опаѓа по неговата несреќа во Унгарија, но тоа беше неколку трки претходно кога беше изговорена фамозната реченица: Felipe baby, Fernando is faster then you. Нема освоено титула, но е морален Шампион за 2008 сезоната, кога Луис Хамилтон ја доби на поклон титулата во последната кривина. При својот претстој во Ферари тој забележа 11 Победи, 15 Пол позиции, 36 Пласмани на Подиумот, 14 Најбрзи кругови. Да се надеваме дека ќе подобри некои од овие бројки на следните 7 трки.
ФЕРАРИ ГО ОТПУШТИ ФЕЛИПЕ МАСА
9/10/2013 10:04:00 PM
0
Tags
Share to other apps