Кадилак Ф1 донесе одлука за својата возачка постава за дебитантската сезона. Ови гласини ги објави Ауто Акција, повикувајќи се на извори блиски до тимот.
Кадилак Ф1 тимот ќе има искусен возач и и дебитант во 2026 година. Валтери Ботас ќе го предводи тимот во следната сезона.
Страните постигнале договор за време на Големата Награда на Велика Британија, но документите сè уште не се потпишани.
Сепак, Ботас наскоро ќе почне да работи на симулаторот на тимот и ќе им помага на инженерите да ги одредат клучните карактеристики на новиот болидот.
Во борбата за возачкото место, искусниот Ботас го победи подеднакво искусниот Серџо Перез, кој исто така беше во преговори со тимот. Од Кадилак го избраа Финецот бидејќи повеќе им се допаднала неговата решителност, работна етика и карактер.
Што се однесува до другите кандидати, како Јуки Цунода, Џек Дуан, Мик Шумахер и Гуанју Џоу веќе им е кажано дека повеќе не се разгледуваат.
Кадилак Ф1 тимот одлучи да му даде шанса на дебитант, кој има потенцијал да стане лидер на тимот откако Ботас ќе се пензионира за неколку години. Главен конкурент на Валтери Ботас е Фелипе Другович.
Бразилецот нема искуство во трките во Формула 1, но како резервен возач за Астон Мартин, тој има поминато повеќе од 10.000 километри на тест и тренинг сесии, а неговите времиња, честопати биле споредливи со оние на Фернандо Алонсо, а далеку подобри од Ленс Строл.
Друговиќ, исто така, има предност затоа што има возено Кадилак автомобили на три трки на издржливост, двапати во Ле Ман и еднаш во Дејтона.
Инженерите биле импресионирани од неговата брзина, стабилност и повратни информации, што го стави Другович на врвот на листата на кандидати да го вози вториот болид на Кадилак во Формула 1.
Кога сме на оваа тема околу возачките места за следната сезона, повторно се актуелизираше, Макс Ферстапен.
Според австрискиот телевизиски канал ORF, клаузулата за ослободување на актуелниот шампион е истечена, а во интервју со нив, Тото Волф објави дека сакаат да продолжат со Џорџ Расел и Кими Антонели во 2026 година.
Според ова издание, Макс морал да заврши надвор од Топ 3 пласман во шампионатот на возачи по Силверстоун за да може да ја искористи, а бидејќи е трет, не може да го стори тоа.
Тото Волф: "Не станува збор само за тоа тимот да донесе одлука. Возачите исто така треба да знаат што да очекуваат. Секогаш се обидувавме да се придржуваме до ова правило. И ќе го сториме тоа и овој пат. Насоката што сакаме да ја следиме е да продолжиме со Џорџ и Кими. Тоа е првиот приоритет."
Австрискиот ORF, исто така, известува дека на оваа трка во Белгија, Мерцедес АМГ ќе донесе конечна одлука за својата возачка постава за 2026 година, која ќе остане непроменета.
Според австриските медиуми, алијансата Ферстапен-Мерцедес АМГ нема да биде можна до 2027 година, а со почетокот на следната година, клаузулата на Макс повторно ќе биде активна.
Волф зборуваше и за случајноста што двајцата неодамна поминале викенд одмор на Сардинија. Тие не се сретнале за да разговараат за иднината или за нешто друго, туку едноставно патувале на истото место сосема случајно.
"Новина е што луѓето сега многу лесно прават фото-колажи. Никогаш порано не сме го виделе тоа. Само затоа што ги поминуваме празниците на исто место не значи дека работиме заедно и во Формула 1. Секогаш сме се сложувале со Макс. Случајно е што ги поминуваме празниците и во слични области."
Аутоспринт откри дека Ферари е многу блиску до обновување на договорот со шефот на тимот за најмалку уште една година, иако Васер сака две.
Оваа година, Ферари се уште нема забележано Победа, и во овие случаи, фановите се многу склони да ги донесуваат одлуките. Разочарувањето е уште поголемо бидејќи Луис Хамилтон беше потпишан со голема помпа, што значително ги зголеми очекувањата, правејќи го разочарувањето уште поголемо.
И тука, како и во фудбалот, оној што ја плаќа цената е тренерот, во овој случај тимскиот шеф. Но, новинарот на Аутоспринт и Кориере дело Спорт, е јасен во врска со ова.
"Следната година, сè во Формула 1 ќе се промени, од болидите до погонските единици, и повеќето, ако не и сите, клучни одлуки се веќе донесени."
Промените во овој период би можеле да влијае не само на 2026 година, туку и на следните сезони, предизвикувајќи одложување на потенцијалните успеси од најмалку две или три години.
Проблемите оваа година се појавиле, според италијанскиот печат, бидејќи на прашањето за клиренсот на болидот не му е дадена важноста што ја заслужува. Не е лесно да се поправи веднаш, но новата амортизација би требало да помогне.
Последното нешто што Маранело го сака сега е да си пука во нога. И во оваа смисла, продолжувањето со Васер изгледа оправдано. Од 2005 година, Ферари имаше шест тимски директори: Жан Тод, Рос Браун, Стефано Доменикали, Марко Матијачи, Маурицио Аривабене, Матија Биното и Фред Васер.
Едногодишното продолжување на договорот на Васер можеби е од спортски причини, но и за да се купи време за голема реконструкција на тимот.
Во Маранело се чини дека се наклонети кон структура слична на онаа на Мекларен, со извршен директор над тимскиот шеф, како Зак Браун над Андреа Стела, и која се чини дека почнува да дава плодови во Заубер, со Биното над Витли.
Сосема спротивно од она што се случи во Ред Бул, каде што Хорнер ја монополизираше целата моќ во секоја област. Ова, за некои, е вистинската причина за неговиот пад.
НЕОФИЦИЈАЛНО: КАДИЛАК ЈА РЕШИ ВОЗАЧКАТА ПОСТАВА, МАКС ОСТАНУВА ВО РЕД БУЛ, ВАСЕР ВО ФЕРАРИ
7/23/2025 10:01:00 PM
0
Tags
Share to other apps