Статијата редовно се ажурира, па за сите најнови информации ова е вистинското место за да бидете во тек со настаните.
Последен датум на ажурирање: 5 МАРТ 2025.
Во 2025 година, за прв пат во историјата на Формула 1 се одржи заедничка презентација на сите десет тимови. Презентацијата се одржа на 18 февруари во Лондон во познатиот забавен комплекс The O2 Arena.
ЛИНК:
НОВАТА 2025 СЕЗОНА ЌЕ ЗАПОЧНЕ СО ЗАЕДНИЧКА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА СИТЕ ТИМОВИ Повеќе тимови имаа свои посебни настани каде ги презентираат 2025 болидите.
ТИМ | ИЗВЕШТАЈ |
МЕКЛАРЕН | ЛИНК |
ВИЛИЈАМС | ЛИНК |
Ф1 ПРЕЗЕНТАЦИЈА | ЛИНК |
ФЕРАРИ | ЛИНК |
АСТОН МАРТИН | ЛИНК |
МЕРЦЕДЕС АМГ | ЛИНК |
РЕД БУЛ | ЛИНК |
АЛПИН | ЛИНК |
ХАС | ЛИНК |
РЕЈСИНГ БУЛС | ЛИНК |
ЗАУБЕР | ЛИНК |
Австралијците се враќаат на првото место во календарот. Последен пат тоа беше случај во 2019 година, а веќе следната 2020 година, кога исто така требаше да биде воведна трка, избувна пандемијата и трката не можеше да се одржи.
По само седум дена ќе ја гледаме Големата Награда на Кина, а потоа Ф1 карванот се сели во Јапонија и ќе ја комплетира тројката на непроспиени викенди за нас Европејците.
За ваквите настани, причината е добро позната, Рамазан е во месец март, така што трките за Големата Награда на Бахреин и Саудиска Арабија ќе се одржат во април.
Тркачките викенди во спринт форматот ќе се одржат во Кина, Мајами, Белгија, Остин, Бразил и Катар. Главната промена во однос на 2024 година е напуштањето на спринтот во Шпилберг. Наместо на австриската патека, спринтот во 2025 година ќе се одржи во СПА-Франкоршамп.
Бахреин ќе биде домаќин на претсезонската тест сесија, која ќе се состои од три тест дена на патеката Сакир на 26, 27 и 28 февруари 2025 година.
Списокот на возачи за оваа 2025 година е вистински земјотрес од неочекувани трансфери. Клопчето започна да се одмотува со сензационалниот трансфер на Луис Хамилтон во Ферари.
МЕКЛАРЕН
4 Ландо Норис (2026+ година)
81 Оскар Пјастри (2026 година)
Возачката постава на Мекларен ќе остане непроменета и оваа сезона.
Минатата година го "врзаа" Ландо Норис со нов долгорочен договор, но со клаузула за конкурентен болид.
Пресудата од Одборот за признавање договори на ФИА откри дека повеќегодишниот договор на Оскар Пјастри со Мекларен ги опфаќа и 2023 и 2024 година.
Пред Јапонското Гран При, Мекларен објави продолжување на неговиот договор, па Австралиецот останува во тимот до крајот на 2026 година.
ФЕРАРИ
16 Чарлс Леклер (2026+ година)
44 Луис Хамилтон (2026+ година)
Резервни возачи: Џоу Гуанју, Антонио Џовинаци
На почетокот на 2024 година, Ферари објави продолжување на договорот со Чарлс Леклер, без да даде точен датум. Според извештаите во медиумите, тој е дизајниран да трае најмалку до крајот на 2026 година.
Неколку дена по објавувањето на договорот со Леклер, Ферари го објави трансферот на Луис Хамилтон. Терминот на неговиот договор исто така не е прецизиран, но се претпоставува дека е до крајот на 2027 година.
ЛИНК:
ХАМИЛТОН ВО ФЕРАРИ - ВЕСТ НА ГОДИНАТА
РЕД БУЛ
1 Макс Ферстапен (2028 година)
Договорот на Макс Ферстапен е до 2028 година, но тоа не значи дека ривалите не се обидуваат да го добијат актуелниот шампион.
Договорот на Серџо Перез истекуваше на крајот на 2024 година. На 4 Јуни 2024 беше официјално потврдено дека Мексиканецот ќе остане во тимот до 2026 година, но тоа не беше поттик за подобри резултати.
По завршување на сезоната беше објавено дека тој е заменет со Лиам Лосон.
МЕРЦЕДЕС АМГ
63 Џорџ Расел (2025 година)
12 Андреа Кими Антонели (2025 година)
Резервен возач: Валтери Ботас
Андреан Кими Антонели, 18-годишен Италијанец, беше потврден како тимски колега на Џорџ Расел непосредно пред почетокот на 2024 ГН на Италија во Монца.
Џорџ Расел има повеќегодишен договор, кој минатата година беше продолжен до крајот на 2025 година. Но, со оглед на фактот што тој се смета за иднината на Мерцедес АМГ, неговото место во овој тим ќе остане во негова сопственост подолго време.
АСТОН МАРТИН
14 Фернандо Алонсо (2026 година)
18 Ленс Строл (2025+)
Резервен возач: Фелипе Другович
Астон Мартин го продолжи договорот со Фернандо Алонсо до крајот на 2026 година. Непосредно пред трката за 2024 ГН Австрија тимот го потврди продолжувањето на договорот со Ленс Строл, кој ќе продолжи да се трка со овој тим во новата ера на регулативи на Ф1.
АЛПИН
10 Пјер Гасли (2025+)
7 Џек Дуан (2025)
Резервен возач: Франко Колапинто
Тимот на Алпин го продолжи договорот со Пјер Гасли пред минатогодишната трка за Големата Награда на Австрија. Времетраењето на новиот договор не беше соопштено, но од тимот потенцираа дека е повеќегодишен, а Гасли ќе се натпреварува за Алпин не само во 2025 година, туку и во иднина.
Името на неговиот тимски колега беше објавено за време на 2024 Големата Награда на Холандија. Џек Дуан, резервен и тест возач на тимот доби промоција во првата постава и од следната сезона ќе биде тимски колега на Французинот.
ЛИНК
ОФИЦИЈАЛНО: ЏЕК ДУАН ПРОМОВИРАН ВО ОФИЦИЈАЛЕН ВОЗАЧ НА АЛПИН
ВИЛИЈАМС
23 АЛЕКС АЛБОН (2026+ година)
55 КАРЛОС САИНЦ ЈР. (2026+ година)
Пред 2024 Големата Награда на Емилија-Ромања, Вилијамс објави повеќегодишно продолжување на договорот со Алекс Албон. Негов тимски колега ќе биде Карлос Саинц Јр..
ЛИНК:
СИТЕ ДЕТАЛИ: КАРЛОС САИНЦ ЈР. ГО ОДБРА ТИМОТ НА ВИЛИЈАМС
ХАС
87 ОЛИВЕР БЕРМАН (2025 година)
31 ЕСТЕБАН ОКОН (2025+ година)
Нико Хулкенберг го напушти тимот на Хас на крајот од 2024 година. Резервниот возач на Ферари, Оливер Берман, го замени пред почетокот на тркачкиот викенд во Силверстоун, тимот објави договор со британскиот возач.
Договорот на Кевин Магнусен истече на крајот на 2024 година. Тимот не беше задоволен од неговите резултати и пред трката за 2024 ГН на Белгија го официјализираа потпишувањето на повеќегодишен договор со Естебан Окон.
РЕЈСИНГ БУЛС
22 ЈУКИ ЦУНОДА (2025 година)
6 ИСАК ХАЏАР (2025 година)
Договорите на Даниел Рикиардо и Јуки Цунода истекуваа на крајот на 2024 година. Рејсинг Булс го продолжи договорот со Јапонецот, кој ќе продолжи да вози за тимот од Фаенца и во 2025 година.
Тимот се раздели со Даниел Рикиардо по 2024 Големата Награда на Сингапур. Од трката во Остин, Лиам Лосон го замени Австралиецот зад воланот на РБ.
Новозеланѓанецот беше главен кандидат за возачкото место во тимот за 2025 година, но раководството на Ред Бул реши да го префрли во првиот тим, на местото од Серџо Перез.
Па така, второто возачко место на тимот од Фаенца му припадна на учесникот на младиската програма на Ред Бул и вицешампион во Формула 2, Исак Хаџар.
ЗАУБЕР
27 НИКО ХУЛКЕНБЕРГ(2026+ година)
5 ГАБРИЕЛ БОРТОЛЕТО (2026+ година)
Заубер потпиша повеќегодишен договор со Нико Хулкенберг. Валтери Ботас и Џоу Гуанју сакаа да останат во Хинвил, но на 6 ноември 2024 година, тимот излезе со официјално соопштение со кое ја прекина соработката со нив и го потврди договорот со бразилскиот дебитант Габриел Бортолето.
ЛИНК
СИТЕ ДЕТАЛИ: ПРВИОТ БРАЗИЛЕЦ ВО Ф1 ПО ФЕЛИПЕ МАСА