Кога сте родени во Имола и кога вашето семејство подоцна ги пуштило своите корени во Монца, не можете да ги избегнете трките, без разлика дали на четири тркала или две. Стефано Доменикали не е исклучок.
"Јас израснав со звукот на моторите, бидејќи Сан Марино ГП беше најважниот настан на годината во мојот роден град. Тоа беше трка која ме натера да се заљубам во Формула 1."
"Имам повеќе успеси, но оној најблиску до моето срце е сигурно последната наша Победа со Фернандо Алонсо во 2010 година. Тоа беше многу напната трка, победивме со исклучителна тимска работа: возачи, бокс, стратегија, сè беше совршено тој ден. Поради тоа, по официјалната церемонија на подиумот, беше голема возбуда да се биде таму, заедно со Фернандо и Фелипе, на таа фантастична платформа која се наоѓа над морето од наши фанови кои уживаа. Тоа се вид на емоции што ве тераат да го засакате овој спорт и кои ви даваат одлучност во најтешките моменти."
КОГА ФЕРАРИ ПОБЕДУВА НА МОНЦА, ТОА Е ГОЛЕМА СТРАСТ !!!
9/04/2013 04:06:00 PM
0
Share to other apps