Во Мерцедес АМГ сметаат дека од витално значење е да завршат пред тимот на Ферари, т.е. на второто место во Шампионатот за конструктори оваа година. Тој успех не само што би им донел поголема финансиска инјекција, туку би бил доказ за способноста на тимот да се бори за Титулите во наредната 2014 сезона.
Тото Волф: "Ние направивме чекор напред и, во моментов, изгледа како ние да сме задоволни со третото место. Но, ние се уште сме многу мотивирани и сакаме да бидеме барем вториот најдобар тим. Јас сум очигледно пристрасен, но ако се погледнат перформансите на болидот, дури и на трката во Сингапур, би рекол дека ние сме број два во моментов. Ние продолжуваме со усовршување на болидот, редовно имаме нови делови, и се уште има многу поени за освојување."
"Ефикасноста е управувана од страна на луѓето во тимот, и поради тоа што во најголем дел од најдобрите тимови остануваат истите луѓе, јас не мислам дека ќе има големи поместувања во силите меѓу најдобрите тимови. Следната сезона би можело моторот да има поголемо влијание, но повторно ќе речам, ако се погледне инфраструктурата на Ферари во Маранело, и на Французите во Вири, тие се подеднакво мотивирани како нас. Јас не гледам огромни разлики."
ТОТО ВОЛФ: МЕРЦЕДЕС АМГ МОРА ДА БИДЕ ПРЕД ФЕРАРИ
9/26/2013 07:20:00 PM
0
Share to other apps