Михаел Шумахер, Фелипе Маса и Џеки Стјуарт од една страна очекуваат несогласувања во Ферари следната година, но од друга страна Алан Прост во изјава за Британскиот Аутоспорт, верува дека Фернандо Алонсо и Кими Раиконен ќе бидат одлични тимски колеги.
Алан Прост:
"Следната година ќе ни потврди, дека изборот на Ферари може да функционира многу добро. Таа комбинација има функционирано одлично во минатото. Сите знаеа за ривалството помеѓу мене и Сена, и сите мислеа дека нема да успееме во ист тим, но се функционираше во најдобар ред. Тоа функционираше многу добро за тимот, ние навистина го донесовме на врвот."
"Доколку имате проблем, менаџментот на тимот е тој кој треба да се справи со тоа. Може да се случи да биде тешко, но се може да се реши. Во случајот со Кими и Фернандо тоа треба да биде лесно, бидејќи Кими има различен карактер."
АЛАН ПРОСТ: ФЕРНАНДО И КИМИ МОЖЕ ОДЛИЧНО ДА СОРАБОТУВААТ
9/26/2013 04:18:00 PM
0
Share to other apps