Мекларен не е загрижен дека Мерцедес, кој ќе биде снабдувач на тимот со моторни единици уште само една година, ќе им дава суб-стандардна услуга следната година, кога од сегашните V8 мотори се преминува на радикално новите турбо V6 правила. Мекларен сега е само клиент на Мерцедес, додека не се обнови партнерството со Хонда во 2015 година.
Џонатан Нил верува дека 2014 година нема да биде еден вид на изгубена година за Мекларен.
"Го познавам Мерцедес многу добро, имам работено со нив многу години. Возачите ќе имаат само пет V6 турбо мотори за целата 2014 сезона, па сите делови мора да бидат од највисок квалитет. Значи не може да има А, Б или Ц делови."
Арамии во Ф1 гаражите!!! Нико Розберг ги повика своите фанови да внимаваат доколку на интернет се појави продажба на неговата кацига, која е украдена во 2:00 часот наутро, пред стартот на неговото домашно Гран При во Нирбургринг. Кражбата е забележана на безбедносната камера на ФИА во Parc Ferme, од наводно строго чуваната гаража. Кацигата е марка Schuberth, регистрирана во ФИА со бројот Р-NR 074/02-13. Snell ознаката е ST270141. FIA Gold ознака: AH04248. FIA White ознака: Nr.134.
Фелипе Наср, сонародникот на Фелипе Маса, се надева на учество на некои од петочните тренинг сесии и вели дека ја има подршката на Берни Екелстоун за да обезбеди возачко место за 2014 година. Пореално е да се очекува место на резервен возач. Не дека Берни многу се грижи за него, туку е загрижен што потенцијалното заминување на Фелипе Маса од Формула 1 ќе го намали вниманието на бразилскиот пазар. Наср, моментално е трет во ГП2 серијата, има два спонзори Sky Brasil и Banco do Brasil. Негов менаџер е Стив Робертсон, кој под своја закрила го има и Кими Раиконен.
"Јас сум во потрага на возачко место во Формула 1. Но, исто така, опцијата резервен возач е несомнено нешто што е во план. Можеме да видиме од примерите на Хулкенберг и Ботас, кои една сезона пред да дојдат во Ф1, учествуваа на петочните тренинг сесии собирајќи искуство. За мене и тоа би било добро, бидејќи јас не ги познавам сите патеки. Па да се добие овој вид на километража ќе биде многу важно."
Берни Еклстоун на секој начин се обидува да ги оживее шансите за трка во Њу Џерси, чии организатори се соочуваат со финансиски проблеми. Еклстоун се согласил да го прекине договорот со Валенсија, а шпанските организатори не треба да ги плаќаат пеналите во вредност од 54 милиони евра. Но, за возврат тој преговара да ја земе тркачката опремата користена во Валенсија, вклучувајќи повеќе од 10 километри ограда и бариери, во вредност од неколку милиони евра за инаугуративната трка во Њу Џерси, чие место во 2014 календарот е условено одобрување на патеката.
Се сеќавате на Норберт Хауг? Поранешниот тимски шеф на Мерцедес Моторспорт, кој беше заменет од страна Тото Волф, изјави дека нашол нов предизвик во својата кариера. Тој се приклучува на Paravan Technology Group. Тоа е германската компанија специјализирана за конструкција на возила за лицата со посебни потреби. Хауг ќе го координира стратешкиот развој на оваа компанија.
АРАМИИ ИМА И ВО ФОРМУЛА 1
10/18/2013 01:42:00 PM
0
Share to other apps

