Жил Вилнев, возачот чие име го носи патеката во Монтреал
Патеката Жил Вилнев во Монтреал е интересена мешавина на долги и брзи правци и бавни свиоци. Пирели ги носи меките, супер-меките и ултра-меките гуми, т.е. смешите со низок работен опсег, што ги прави совршени за оваа полу-постојана патека, која не се користи интензивно во текот на годината, па постои ризик од грејнинг.
За што побрзи кругови ќе биде потребно време таа да се гумира, што ќе го подобри грипот на болидите. Во Монтреал, особено се оптоварени задните гуми, што се должи на големата тракција што се бара за излез од бавните свиоци, поради зголемениот вртежен момент на новите хибридни ПЕ.
Многу е лесно возачите да предизвикаат пролизгување на тркалата, ако премногу притиснат на педалата за гас, а тоа е особено опасно при последната кривина каде се наоѓа добро познатиот "ѕид на шампионите". Заедно со Сингапур и Монако, Канада има многу висока веројатност за безбедносниот автомобил.
Ова е една од причините зошто флексибилна стратегија често дава добри резултати. Безбедносниот автомобил може да го промени текот на трката во целост, на некому да ја одземе Победата, како што беше случај во Монако пред две недели. Но, оваа патека има многу повеќе можности за престигнување.
Кими Раиконен, опишува што е потребно за добра трка: "Точно е дека оваа патека е позната по фактот што заштитните сидови се многу блиску, но во споредба со Монако, или Сингапур, може да се смета за доста широка. Постојат два клучни фактори за да се извлече многу повеќе, а тоа се брзината и сигурен систем за сопирање."
"Идеална поставеност на овие два елементи е она што ќе овозможи возачот да може да се чувствува комфорно кога притиска до крајните можности на болидот. Монтреал е познат по големата потрошувачка на гориво, но ова е уште една област каде што болидите направија голем напредок во однос на минатата година."
Со една третина од 2016 шампионат зад нас, битката за титулата во генералниот пласман на возачи е фино избалансирана. Со победата во Монако, Луис Хамилтон се доближи на 24 поени зад својот тимски колега Нико Розберг, кој имаше катастрофална трка во кнежеството.
Зад дуото на Мерцедес АМГ е Даниел Рикардо од тимот на Ред Бул. Австралијанецот се уште жали за Победата, која му беше на дофат, но неговиот тим го зафркна и во Монако. Сега е на ред Монтреал, каде вооружен со надградената Рено ПЕ и убавите спомени од својата прва Ф1 победа пред две години, Рикиардо чувствува дека тој се уште може да се замеша во борбата за Победничкиот Подиум.
Неколку поени зад него се наоѓа дуто на Ферари, Кими Раиконен и Себастијан Ветел, кои пак се надеваат дека овој викенд ќе се види целосниот потенцијал на нивниот болид, кој оваа сезона никако да испорача резултати.
Трката е закажана за Недела, 20:00 MK, Квалификациите, Сабота во 19:00 МК, а петочните тренинг сесии кои исто така се одржуваат во попладневните часови по Македонско време ќе ни доловат дали нешто е променето во односот на силите.



