Најголемиот конкурент, Марк Вебер, пред се поради фактот дека возат во истиот тим, единствениот начин да го победи својот тимски колега на утрешната трка е со одбирање на друга стратегија, т.е. старт на медиум гумите. Со таква надеж е и Фернандо Алонсо, но и самиот признава дека е само надеж:
"Во овој момент, тешко e да се предвиди што ќе се случи утре. Во Германија, се сеќавам дека меките гуми не се работи многу добро, па стартувавме на потврдата компонента, но во неделата меките гуми траеа многу долго. Ако и утре се случи истото, и болидите пред нас на меките гуми имаат добро темпо доволно долго нема да има никакви проблеми за нив. Но, ако меките гуми не се добри, возачите ќе имаат повеќе проблеми, а тука е нашата шанса."
Повеќето возачи, освен двата болиди на Катерам и Марусија, ја започнаа првата сесија на медиум гумите, за потоа поголемиот дел на возачи преминат кон меките гуми. Во таа ситуација возачот на Мекларен, Џенсон Батон го постави најбрзото време, а возачите што останаа на медиум гумите лесно можеше да се случи да отпаднат, па така Ветел го имаше само 11-тото време, за на крајот од Q1, единствените што останаа затекнати се Лотус со Роман Грожан, кој ќе стартува дури од 17-тата позиција, а резултатите од тренинзите ветуваа борба за првите три позиции.
Во Q2 сесијата возачите ја научија лекцијата и се се одвиваше како што треба на меките гуми, па така се си дојде на свое место, и Ветел го имаше најбрзиот круг на оваа сесоја.
Во последната сесија видовме поделени стратегии, 6-4 во однос на помеката компонента. Марк Вебер, Фернандо Алонсо, Естебан Гутиерез и Џенсон Батон ќе ја стартуваат утрешната трка на медиум гумите. Додека Ветел и двата Мерцедеси на меките гуми.
Марк Вебер можеби единствениот што може да го загрози својот тимски колега мисли дека ја има Победничката стратегија: "Да, тоа треба да е вистинската стратегија. Имаме шанса да бидеме во добра позиција на крајот од трката. Но, навистина не можам да кажам што ќе се случува на трката и дали тоа ќе оди во корист на мојата стратегија. Како што го видовме Грожан на Сузука, од каде дојдоа тие перформанси? Потребно е само еден човек да те спречи за Победа. Утре се ќе зависи од тоа колку гужва ќе имаме на патеката."
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Себастијан Ветел(М) Ред Бул 1:24.119
2. Нико Розберг(М) Мерцедес АМГ 1:24.871 + 0.752
3. Луис Хамилтон(М) Мерцедес АМГ 1:24.941 + 0.822
4. Марк Вебер(Мед) Ред Бул 1:25.047 + 0.928
5. Фелипе Маса(М) Ферари 1:25.201 + 1.082
6. Кими Раиконен(М) Лотус 1:25.248 + 1.129
7. Нико Хулкенберг(М) Заубер 1:25.334 + 1.215
8. Фернандо Алонсо(Мед) Ферари 1:25.826 + 1.707
9. Естебан Гутиерес(Мед) Заубер 1:26.153 + 2.034
10. Џенсон Батон(Мед) Мекларен 1:26.487 + 2.368
Q2 Најбрзо време: Себастијан Ветел 1:24.568 Разлика
11. Даниел Рикирадо Торо Росо 1:25.519 + 0.951
12. Пол ди Реста Форс Индија 1:25.711 + 1.143
13. Адријан Сутил Форс Индија 1:25.740 + 1.172
14. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:25.798 + 1.230
15. Валтери Ботас Вилијамс 1:26.134 + 1.566
16. Естебан Гутиерез Заубер 1:26.336 + 1.768
Q1 Најбрзо време: Џенсон Батон 1:25.574 Разлика
17. Роман Грожан Лотус 1:26.577 + 1.003
18. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:26.842 + 1.268
19. Жил Бјанки Марусија 1:26.970 + 1.396
20. Гидо ван дер Гард Катерам 1:27.105 + 1.531
21. Чарлс Пик Катерам 1:27.487 + 1.913
22. Макс Чилтон Марусија 1:28.138 + 2.564
107% Време: 1:31.564


