По враќањето на подиумот во Сингапур, Iceman има цел да го задржи доброто чувство и на патеката Yeongam...
Како е грбот?
Подобро отколку што беше во саботата во Сингапур, кога не се чувствував премногу добар. Најважно беше што бев во можност да се тркам и ние направивме прилично добра работа со финиш на подиумот. Тоа не беше прв пат да имам болки, бидејќи проблемите со мојот грб се веќе подолго време. За сигурно, ќе треба да видиме како тоа ќе изгледа кога во петок ќе излезам на патеката во Кореја.
Што очекувате од Кореја?
Да се надеваме дека ние ќе бидеме во состојба да ја задржиме добрата форма од неделата во Сингапур. Болидот се однесуваше добро за време на целата трка и тоа беше убаво чувство да се тркаш за подиумот. Главниот фокус е да се задржи ова позитивно чувство и да имаме корист од него во следните трки.
Што мислите на патеката во Кореја?
Минатата година ја имав првата трка на Јеонгам и тоа е доста незгодна патека за да се научи брзо, но јас се чувствував удобно на неа, веќе по неколку круга. Кога болидот е во ред, може да се помине добро. Минатата година видовме дека тоа е добро место за трка со добар болид.
На Сингапур ГП-то повторно E21 покажа дека добро се однесува кон гумите на Пирели, во споредба со неговите ривали. Колку ќе помогне овој факт во Кореја?
Нормално е дека различни болиди и возачи ги користат своите гуми поинаку. Имавме план, и ние знаевме дека, ако излезе безбедносното возило дека ќе мора да се обидеме да издржиме до крајот со истите гуми. За наша среќа, некои други тимови не издржаа и мораа да влезат во бокс.
Што е вашата цел за Кореја?
Главната цел е да имаме подобар викенд во споредба со она што го видовме во Сингапур. Очигледно, ние не поминуваме најдобро на квалификациите, а трката е многу полесна ако стартувате од првите десет позиции.
КИМИ: ТРКАТА Е МНОГУ ПОЛЕСНА АКО СЕ СТАРТУВА ОД ПРВИТЕ РЕДОВИ
10/02/2013 01:30:00 PM
0
Share to other apps