Кристијан Хорнер, според мене и непотребно, возврати на шпекулациите дека неговиот тим користи некоја форма на незаконска контрола на тракцијата на болидот на Ветел. Нема кој не ги слушна, и неоправдано им се даде преголемо значење на шпекулациите од страна на поранешниот тимски шеф Џанкарло Минарди за звукот на болидот и доминацијата на Себастијан Ветел на трката во Сингапур.
"Би било прилично глупаво да се воведе контрола на тракцијата на болид кој е управуван на еден централен компјутер, кој што е набавен преку тендер на ФИА и што е детално проверуван од страна на ФИА. Значи, не можам да замислам било кој од Ф1 тимовите да го направи тоа. Себастијан беше толку доминантен во Сингапур, и знаев дека неизбежно ќе се покренат прашања како е тоа можно. Најлесен одговор е дека Ред Бул мора да мами."
"Но, факт е дека овие работи се толку строго контролирани, што тоа е невозможно. Фактите велат дека Себ возеше со неверојатна брзина во Сингапур. Тој го извлече максимумот од болидот, и се наоѓа во апсолутно најдобра форма. Дали овие афери ќе ни ја пореметат нашата фокусираност? Апсолутно, Не. Ние сме прилично горди на системот на работа што го имаме, и што други тимови нема никогаш да дознаат како го правиме тоа. Постојано се обидуваме да го подобруваме болидот. Тоа е дел од нашата домашна задача што одлично ја завршуваме."
ХОРНЕР: НАЈДОБРИ СМЕ, И СЕ Е ПО ПРОПИСИ !!!
10/03/2013 06:57:00 PM
0
Share to other apps