За Ферари и Фернандо Алонсо Титулите се се подалечни, но волјата за Победи се уште постои.
"Ние ќе се обидеме, потрудиме, во преостанатите трки да освоиме што е можно повеќе поени. Ние ќе се потрудиме и да уживаме во трките, но и ќе напаѓаме цело време, бидејќи треба да го задржиме второто место во конструктори, каде разликата меѓу нас и Мерцедес АМГ е многу мала, а Лотус исто така се доближуваат. Што се однесува до иднината, според двократниот светски шампион, се ќе зависи од болидот. Следната година, со Кими , мислам дека можеме да имаме добра сезона за Ферари, но само ако имаме конкурентен болид. Ако болидот не е конкурентен, ќе имаме многу слична сезона на оваа."
"Зошто Ред Бул е толку напред? Па, тие работеле подобро од останатите. Ние бевме конкурентни во првиот дел од сезоната, победувајќи на две од пет трки. Тогаш, ние направивме еден чекор назад околу Силверстоун, од кој што се вративме назад, но од тогаш, другите направија поголем напредок од нас. Би било убаво ако Фелипе и јас можеме да се пласираме на подиумот, би било одлично да го видам таму, како прославува Победа, бидејќи целиот тим заслужува малку среќни моменти и ние сме многу мотивирани од тој аспект."
АЛОНСО: ПОСАКУВАМ ПОБЕДА ЗА ФЕЛИПЕ !!!
10/10/2013 03:33:00 PM
0
Share to other apps

