Марија де Вилота, синоќа, била пронајдена мртва во хотелска соба. Причините за нејзината смрт сеуште не се објавуваат.
33-годишната Шпанка претрпе сериозни повреди на черепот, мозокот и на лицето, кога таа необјасниво ја загуби контролата врз болидот на праволиниски аеродинамички тест на аеродромот Даксфорс, во Велика Британија. Во таа несреќа таа го изгуби своето десно око, но закрепна доволно добро по серијата на операции за да се појави на својот прв јавен настап во Мадрид три месеци подоцна, а последен пат беше на присутна во Ф1 циркусот на Шпанското Гран При, кога изјави:
"Тоа е првата трка на која ќе присуствувам по несреќата, па имам потешкотии да заспијам навечер од возбудата при помислата на Формула 1. Тешко ми е без овој спорт, бидејќи многу ми недостига. Сакам да ги видам сите возачи и мислам дека ќе гледаме одлична трка, како што гледавме во последно време. Сакам да им се заблагодарам на многу луѓе кои не сум ги видела, да им заблагодарам за поддршката што ми ја дадоа, како на пример со ставање на мојата ѕвезда на своите кациги. Јас бев со нив, но животот продолжува...."
Update: Семејството на Марија де Вилота, соопшти дека смрта настапила како последица на повредите од минатогодишната стравична несреќа. Иако се претпоставуваше дека таа доволно закрепнала од нејзините повреди минатата година, сепак не било така...
RIP: МАРИЈА ДЕ ВИЛОТА 1980-2013
10/11/2013 11:20:00 AM
0
Tags
Share to other apps

