Рос Браун ќе го го напушти Мерцедес АМГ, на крајот на оваа сезона, ова го тврди реномираниот германски весник Спорт Билд. Се наведува дека 58-годишниот Британец најверојатно ќе се приклучи на Хонда Ф1 проектот, кој од 2015 сезоната треба да го снабдува Мекларен со моторни единици.
Браун беше шеф на Хонда Ф1 пред овој јапонски производител да се повлече од Формула 1 на крајот на 2008 година. Тој го откупи овој тим се седиште во Беркли, Англија, за потоа да го преименува во Браун ГП, и со Џенсон Батон ги освоија Титулите во 2009 година. Браун ГП беше купен од страна на Мерцедес во ноември 2009 година за 176 милиони евра. Браун, мнозинскиот акционер, остана како тимски шеф. Тој и Ник Фрај имаа по 24,9% удел во новиот тим, кои повторно ги продаваат на Мерцедес во почетокот на 2011 година.
Одлуката за напуштање на Мерцедес АМГ, Браун му ја соопштил на Ники Лауда за време на изминатиов викенд во Кореја. Како причини за оваа одлука е пристигнувањето на Педи Лоу од Мекларен, а исто така, не го поддржувал доаѓањето на Ники Лауда и Тото Волф .
РОС БРАУН ГО НАПУШТА МЕРЦЕДЕС АМГ
10/07/2013 01:31:00 PM
0
Tags
Share to other apps

