Повторно двата болиди на Лотус на подиумот, со Кими Раиконен на второ, а Роман Грожан на трето место. Финецот имаше одлична трка, потпомогната од безбедносното возило, за да од 9-тата стартна позиција стигне на подиум. Роман Грожан го помина Луис Хамилтон за второто место на стартот од трката, но не можеше да се одбрани, или подоцна да го претекне својот тимски колега.
Германецот по 4-тата последователна Победа изјави: "Денес имавме долга трка, и навистина е прекрасно да се победи. Стартот беше од клучно значење, имав добра тракција надвор од тркачката линија и имав добар излез од првиот свиок. Ние го зачувавме водството и потоа се обидував да имам контролирана трка. Имавме силни перформанси од целиот тим и јас сум среќен. Ние сме постојано фокусирани на континуирано подобрување и се обидуваме да го извлечеме најдоброто од болидот во секоја трка."
Раиконен смета дека имаше добра трка: " Мислам дека изгубив место на стартот. Болидот овој викенд имаше доста подуправливост, а дополнително мораше да се грижат за предните гуми. Бев заглавен во еден момент, но дури и без безбедносното возило ќе можевме да завршиме на подиумот."
Грожан во поголемиот дел од трката успеа да држи чекор со победникот на пристојна дистанца, но по илегувањето на безбедносното возило, направи мала грешка и дозволи да биде претекнат од својот тимски колега: "Имав прилично добра забава, имав добар старт, адреналинот работеше, но потоа беше добро што можевме да бидеме многу блиску до Себастијан, кој не побегна премногу далеку. Јас направив една мала грешка и Кими ме престигна, и тоа беше моја грешка. Но, ние сме повторно на подиумот, а тоа е добро."
Повторно одлична трка за Нико Хулкенберг, за кој може да се каже дека беше најдобриот возач на денот, се бранеше успешно против три Светски Шампиони, прво од Раиконен и Алонсо, за на крај да одолее и го остави без решение и Луис Хамилтон за четвртото место во Јеонгам. Возачот на Мерцедес АМГ даде се од себе да го претекне болидот на Заубер, па дури и побара предлози од својот тим преку радио врската. "Возев една од најдобрите трки во мојата кариера досега. И досега сум имал болиди зад себе, но денес ги имаше премногу и тоа беше малку досадно. Тракцијата на болидот беше многу добра, така што ме држеше пред Фернандо, а потоа и Луис."
Луис Хамилтон и покрај најавите дека нема да имаат проблеми со абењето на гумите, почна да страда од екстремно абење при вториот стинт и со тоа испадна од борбата за подиумот. Во тие моменти се случи и првиот интересен момент кој ја зачини денешната трка, кога Нико Розберг при претекнувањето на својот тимски колега, реши да прави огномет од искри, кога неговото предно крило падна надолу и се залепи за асфалтот. Нико мораше во бокс по ново крило, а со тоа беше уништена трката и за вториот Мерцедес.
Следуваше првиот период на безбедносното возило, кога десната предна гума на Мекларенот од Серџо Перез реши драматично да се распадне, слично како во Силверстоун, на правецот по втората кривина. Марк Вебер, кој имаше направено добар напредок по стартот од 13-тата позиција, беше веднаш зад него и заработи дупната гума како резултат од остатоците на патеката.
Изнервираниот Австралијанец вели: "Тоа е тоа, возачите не се премногу важни, поважно е она што другите луѓе посакуваат. Гумите премногу се трошеа, исто така и експлодираа по малку. Но, тоа е на Пирели да го среди. Од Пирели вината за експлозијата ќе ја припишат на блокираното тркало, но причината што тркалата блокираат е што на гумите веќе го нема површинскиот слој."
Тој повторно беше жртва на лоша среќа, при рестатот на трката тој беше удрен од страна на Адијан Сутил, при што пукнал ладилникот за маслото, кое истекувало на жешките ауспуси, па втора трка по ред неговиот РБ9 беше во пламен, но сега многу подраматично. Трката за него беше завршена, а следуваше одлука за ново безбедносно возило, но на патеката пред болидите излезе Пожарно возило. Бизарен момент, за кој Чарли Вајтинг, директорот на трката вели дека не ја загрозил безбеноста на патеката.
КОРЕЈА ГРАН ПРИ, ЈЕОНГАМ;
55 круга, 308.630 км., Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Себастијан Ветел Ред Бул 1ч43:13.701
2. Кими Раиконен Лотус + 4.224
3. Роман Грожан Лотус + 4.927
4. Нико Хулкенберг Заубер + 24.114
5. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ + 25.255
6. Фернандо Алонсо Ферари + 26.189
7. Нико Розберг Мерцедес АМГ + 26.698
8. Џенсон Батон Мекларен + 32.262
9. Фелипе Маса Ферари + 34.390
10. Серџо Перез Мекларен + 35.155
11. Естебан Гутиерес Заубер + 35.990
12. Валтери Ботас Вилијамс + 47.049
13. Пастор Малдонадо Вилијамс + 50.013
14. Чарлс Пик Катерам + 1:03.578
15. Гидо ван дер Гард Катерам + 1:04.501
16. Жил Бјанки Марусија + 1:07.970
17. Макс Чилтон Марусија + 1:12.898
18. Жан-Ерик Верн Торо Росо + 2 круга
19. Даниел Рикиардо Торо Росо + 3 круга
20. Адријан Сутил Форс Индија + 5 круга
НАЈБРЗ КРУГ: Себастијан Ветел 1:41.380
БЕЗ ПЛАСМАН:
ВОЗАЧ ТИМ ПРИ КРУГ
Марк Вебер Ред Бул 36
Пол ди Реста Форс Индија 24
ПЛАСМАН ПО 14 ТРКИ:
ВОЗАЧИ: КОНСТРУКТОРИ:
1. С.Ветел 272 1. Ред Бул 402
2. Ф.Алонсо 195 2. Ферари 284
3. К.Раиконен 167 3. Мерцедес АМГ 283
4. Л.Хамилтон 161 4. Лотус 239
5. М.Вебер 130 5. Мекларен 81
6. Н.Розберг 122 6. Форс Индија 62
7. Ф.Маса 89 7. Заубер 31
8. Р.Грожан 72 8. Торо Росо 31
9. Џ.Батон 58 9. Вилијамс 1
10. Н.Хулкенберг 31
11. П.Ди Реста 36
12. А.Сутил 26
13. С.Перез 23
14. Д.Рикиардо 18
15. Ж.Верн 13
16. П.Малдонадо 1


