Фернандо Алонсо верува дека неговата грешка на крајот од неговиот последен квалификациски круг за Големата Награда на Бразил ја уништи најголема шанса за неговиот прв старт од почетниот ред оваа сезона. Тој ги заврши денешните квалификации на третата позиција, а нема стартувано од првиот ред од минатогодишното Германско Гран При.
"Јас излетав при кривината 4, место на кое патеката беше многу лизгава. Тоа ме чинеше 0,8 секунди од кругот. Темпото не беше доволно за Пол, но ќе беше доволно за втората стартна позиција. Јас сум среќен што, конечно, ќе стартувам од толку висока позиција на патеката, бидејќи ние нормално трката ја започнуваме помеѓу седмата и десеттата позиција во последните неколку трки, што не е идеално. Но, јас не сум целосно среќен со мојот брз круг. Моите чувства се измешани."
"Ако утре на трката имаме дожд, најверојатно тоа би требало да биде најдоброто нешто за нас. Временската прогноза за овој викенд е многу непредвидлива, условите се менуваат многу брзо, од една крајност во друга, па утре ќе биде забавно. Знаеме дека во влажни услови ние ги подобруваме нашите перформанси. Очекувавме дожд, а тој можеби ќе го имаме на последната трка оваа година."
2013 БРАЗИЛ ГП: АЛОНСО ЖАЛИ ЗА ПРВИОТ СТАРТЕН РЕД
11/23/2013 10:17:00 PM
0
Share to other apps