Фелипе Маса имаше фрустрирачка трка, во која неговиот тим го ставил на погрешна стратегија:
"Ние направивме грешка. Јас не очекував да ги користам медиум гумите во последниот стинт, туку очекував дека ќе ги имам меките гуми. Почетниот стинт на меките гуми беше 19 круга и јас бев најдобар болид на нив и тогаш во последен момент решивме да запреме по втор пат и јас очекував да ги видам меките гуми на болидот, а наместо тоа беа другите. Тоа беше голема грешка за мојата трка, а без овој проблем јас лесно ќе завршев во првите пет места."
МАСА ГО ОБВИНИ ФЕРАРИ ЗА ПОГРЕШНА СТРАТЕГИЈА И ИЗГУБЕНИ БОДОВИ
11/03/2013 07:59:00 PM
0
Share to other apps