Bye-Bye Ferrari, Williams I`m coming to win!!!
Веднаш по завршувањето на прошталната забава со тимот на Ферари, неговиот следен тим од идната сезона, Вилијамс Ф1, издаде официјално соопштение во кое се вели дека Фелипе Маса ќе се приклучи на овој тим и ќе вози како тимски колега на Валтери Ботас од 2014 сезоната. Со новиот возачки тандем се одразува определбата на Вилијамс да го врати тимот на патеките на успехот.Фелипе е искусен талент и докажан Победник, со 11 Победи зад себе и 36 подиуми во неговата успешна Ф1 кариера. Тој за малку не ја освои Титулата во 2008 година, но придонесе за конструкторските титули на Ферари во 2007 и 2008 година.
Валтери Ботас по приклучувањето како тест-возач на тимот во 2010 година, беше промовиран како тимски возач во 2013 година, импресирајќи го тимот со неговото справување со тешките услови во Канада.
Вилијамс Ф1 му се заблагодарува на Пастор Малдонадо за неговиот придонес во текот на изминатите три сезони, особено за Победата на Шпанското Гран При во минатата година. Плановите на Венецуелецот не се познати, и се очекува да ги објави наскоро.