Настанот се одржа на домашната патека за Ферари, Муџело, а 15.000 фанови можеа да проследат многу демо возења. Лука ди Монтеѕемоло, Претседателот на Ферари, беше присутен на патеката, и го пофали Маса како "вистински Ферариста"
"Заедно поминавме многу среќни моменти, но и некои потешки, како што беше несреќата во Будимпешта. Тоа беа многу исполнети години и сакав да му се заблагодарам јавно. Време е за промени и да се најдат нови мотивациии. Фелипе беше вистински Ферариста и тој секогаш ќе биде дел од нашата историја. Тој секогаш ќе биде дел од нашето семејство."




































































































































































